Би дозволиле ли да бидете хипнотизирани на сцена, а потоа и соочени со вашиот најголем страв?

Изгледа оваа година нè очекува големо шоу за таленти, бидејќи првата недела од аудициите за „America’s Got Talent“ ни откри дел од најневеројатните точки досега.

Ова видео ни покажува како Крис Џоунс, професионален хипнотизер, за својата аудиција ќе влезе во умот на Хауи, кој има фобија од бактерии и страда од опсесивно-компулсивно нарушување и ќе му помогне да направи нешто што тој одамна го нема направено. Хауи ќе се ракува со него, а потоа и со останатите судии. И покрај тоа што тој не беше целосно свесен за она што му се случуваше, ова видео без сомнение ни ја покажува неверојатна моќ на човековиот ум.