Бебе слонче на кое не му е баш јасна функцијата на неговата сурла

Има толку многу работи на кои бебињата треба да се прилагодат што е можно побрзо откако ќе дојдат на овој свет, па од многу нешта може да бидат збунети.

Само замислете колку многу би се збуниле децата нивниот нос да допира до земја. Ваквиот чуден феномен е повеќе од реален за овој слаткиш, кој тукушто открил дека е прикачен за својата сурла. Слончето несмасно ја мавта сурлата, ја завиткува и си ги допира стапалата сакајќи да сфати како всушност работи тој чуден додаток.