Бебе плеска со рачињата уште додека е во матката на мајка му

Овие родители отишле на ехо преглед за да го видат своето бебе додека сè уште расте во матката на мајка му, но не очекувале дека тогаш ќе го имаат и првиот контакт со него. Ова бебе, кое очигледно е добро поврзано со своите родители, плеска со рачињата додека тие му пеат песна која го спомнува токму тоа. Тоа било зачнато пред само 14 недели, а кој знае колку ќе биде разиграно кога ќе се роди.