Абракадабра: Магичен трик со вода и бибер

Овој трик всушност има само физика, нема никаква магија во него. Тајната е во тоа што на површината на водата се создава висок површински напон кој силно ги привлекува површинските водни молекули една кон друга и тоа ги држи ситните честички бибер одозгора. Кога тие ќе дојдат во допир со средството за миење садови тој напон се губи и затоа најгорниот слој молекули брзо се раширува и со себе го влече и биберот.