Премиера на „Iron Man 3” во соработка со Porsche Macedonia и брендот Audi.

Дали знаете што вози Тони Старк?

Porsche Macedonia и брендот Audi заедно со кината Cineplexx се организатори на премиерната вечер на „Iron Man 3“, која ќе се одржи на 25.04.2013 во 20:30 часот. Man’s Night е вечер во знакот на херојот Toni Stark и неговиот супер автомобил, на која посетителите ќе уживаат во интересни изненадувања, специјално подготвени за нив.Man’s night во CineplexxОд футуристички концепт до реалност. Тоа е патот на новиот Audi e-tron кој ни доаѓа директно од големиот екран. Тестиран од инженерот Тони Старк, портретиран од брилијантниот Роберт Дауни Џуниор, новиот Audi R8 E-Tron е возило создадено за иднината.

Дизајниран врз веќе постоечкиот и докажан дизајн на R8, Audi e-tron е најбрзиот електричен автомобил со постигнати, малку повеќе од 8 минути на тркачката патека во Нирбург и сето тоа на струја наполнета од стандарден 230V приклучок кој се наоѓа во секое домаќинство. Со моќност од 230 kW (313 hp), електричниот двосед има забрзување од 0 до 100 за само 4.8 секунди и на која може да му завидат голем број на спортски автомобили. Комбинацијата од алуминиум и карбонфибер го прави ова возило да тежи само 1600 килограми што дополнително ја намалува потрошувачката на електрична енергија, па така со едно полнење од 2,5 часа може да го возите новиот Audi R8 е-tron дури 248 километри. Совесен кон природата Audi e-tron не само што не создава никакви емисии на штетни гасови во околината, тој има посебно дизајниран звук од Рудолф Халбмиер како уникатно решение кое го прави безбеден и сигурен за останатите учесници во сообраќајот, а сепак го задржува својот интегритет како моќно спортско возило.

Врвната Audi технологија и дизајн се традиционално присутни во животот на филмските супер херои. Овој пат претставени преку Audi R8 e-tron во главна улога, но покрај него се појавуваат и Audi S7 Sportback, и останатите модели Audi A8 L, A6, S5 Coupé и Q5.

Во знакот на „Iron Man“ и неговиот супер автомобил, во текот на следните недели, ќе се одвива конкурс за дизајнирање на една страна стрип. Најдобрите 10 ќе бидат изложени во фоајето на салата Cineplexx, така што сите ќе имаат можност да го дадат својот глас и да го изберат најдобриот стрип.