Затоа што секој крај е почеток…

Автор: Катерина Неделкоска

Знаеш што е работата со последните средби? Тоа што ретко кога знаеш дека се последни. Најчесто, не ни претпоставуваш. Имам јас јака интуиција, скоро секогаш знам кога се ближи крајот. Колку е благослов, уште повеќе е клетва… Тажно е што верувам во бесконечност. На себе носам ланче со приврзок знак за бесконечност, а не верувам дури ни во подобро утре. Верувам дека сè има свој крај. Кога не би имало крај, зошто воопшто би започнало?! Некои работи беа судени да се завршат тогаш. Таа зима, во таа иста соба, меѓу тие четири ѕида каде што пред многу години бев најсреќниот атом во вселената. Не повеќе.

Затоа што секој крај е почеток...

Нешто ми кажуваше дека таа вечер е последна, додека чувствував како срцето ми се празни од љубовта без која порано не бев способна да дишам. Вдиши, издиши, вдиши, издиши… Празнина.

И најголемата сила на светот ослабна и исчезна.

Токму тоа му требаше на светот, уште една просечна емоција, небаре малку има!

Не можам да живеам просечен живот, не можам да заспивам и да се будам со стравот дека тоа што го живеам сега е најдоброто што може да биде, кога знам дека не е. Не живеам скромно, одбивам да чувствувам скромно! Сакам љубов која ќе ме буди во сред ноќ само за да ме потсети дека реалноста ми е милион пати подобра од кој било сон. Адреналин и среќа до тој степен што ти доаѓа да се расплачеш кога ќе помислиш што имаш покрај себе! Верувам дека нема помоќно чувство од она дека некому вистински припаѓаш.

Да не знаев тогаш дека таа ноќ е последна, да не ставев крај во точно определениот момент, немаше да бидам каде што сега сум. Среќна, своја, негова…

Крајот има специфичен мирис и вкус, но не секој ја има привилегијата да го почувствува кога е најпотребно…

Тој крај беше почеток на сè што следеше, и конечно почна да важи она старо добро познато правило: краевите најчесто се ништо друго освен огромни почетоци, зависно од тоа колку си спремен да дадеш.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. beliver Reply

    Se e toa eden krug koj shto postojano se obnovuva .. se duri ne se najde onoj koj shto ni nudi najdobro vozenje a za da se najde treba trpenie i golema nadez . I jas – ,,Сакам љубов која ќе ме буди во сред ноќ само за да ме потсети дека реалноста ми е милион пати подобра од кој било сон. Адреналин и среќа до тој степен што ти доаѓа да се расплачеш кога ќе помислиш што имаш покрај себе! Верувам дека нема помоќно чувство од она дека некому вистински припаѓаш. ” … se nadevam deka vo brzo vreme kje si go najdam svojot krug :))) …….. I vo sekoj sluchaj povekje od prosechna statija !!! 😉

  2. Катерина Неделкоска Reply

    Благодарам! :)

  3. Ана Reply

    Прекрасно е! :)

  4. Fro Reply

    a zosto kraj Katerina? Koga nesto e predobro cuvstvuvas potreba da go prekines ili doslo do precka pa da ja poddrzis? Koga bi mozelo se da bide perfektno ke bese podobro ama zivotot dava predizvici daleku mn poteski za da vidi kolku se boris za sakana licnost.Baska toa ovaa recenica ne mi e jasna
    Да не знаев тогаш дека таа ноќ е последна, да не ставев крај во точно определениот момент, немаше да бидам каде што сега сум. Среќна, своја, негова…
    Ako si stavila kraj kako si negova?Toa sto znaes deka uste te saka ili?
    Neznam,sovrsenstvo i srodni dusi ne postojat samo ona sto go zgrabis go cuvas i ljubis e srodnost i sovrsenstvo ako go pustis pak ke najdes drug no zosto da go pustis,Nekoi raboti ne se preskoknuvaat tolku lesno i ne se flraat zad sebe kako da bile nisto.

    • Катерина Неделкоска Reply

      Во текстов се спомнуваат двајца, прочитај ја последната реченица и се ќе ти стане јасно :)
      Од некои работи мораш да се откажеш со цел да стигнеш до нешто далеку подобро…
      :)

      • Fro Reply

        a sto se sluci so bivsiot ,ostana da pati po tebe?:/ nikogas ne bi ostavila nesto prekrasno za nesto uste poprekrasno nikogas ne bi skrsila srce sto mi dava se samo za da najdam nesto sot mene mi odgovara uste poveke…a za tebe neznam ako ti bilo tolku loso ok ama zosto ,kakvi maani si nasla tolku za da ostavis plus toa ako mislis ti deka ima maani togas ke ima ama ako ne mislis i sfatis deka ti e super togas nema ni da postojat nikakviproblemi od podobroto sekogas postoi podobro ama zosto da gi otfrlame prvicnite ubavi raboti koga i od losoto postoi poloso.?pozz i bidi dobra i se nadevam ke mi odgovoris na ova

        • Катерина Неделкоска Reply

          Сега веќе не е воопшто битно што се случило со него, таа приказна е одамна завршена. Тоа е тоа, она што треба да се знае е наведено во текстот, а се останато е дел од мојот приватен живот.
          Поздрав :)

  5. fire Reply

    prekrasno e! Imame slicen stil na pisuvanje i se pronajdov vo tekstov… i uste ednas PREKRASNO!

  6. Mr. Freedom Reply

    Tekstot e “dazzling”, prekrasen e , ocekuvam jas a veruvam i citatleive uste tekstovi od tebe. I se nadevam deka zelbata za ljubovta sto ja posakuvas ti e ispolneta

  7. Цаци Reply

    Прекрасно е!И јас пробав да напишам и пратив,но изгледа не е доволно добро :(
    Инаку многу е убав текстот.Се гледа дека е пишувано со многу емоции!

  8. Катерина Неделкоска Reply

    Желбата за љубовта ми е и повеќе од исполнета, добив љубов за која не можев ни да сонувам! :)

Остави коментар