Поезија: Време

Автор: Пеперутка

Време

Кое е тоа време?
Колку трае тоа време?
Времето што минува
без да помине,
времето што те крие?
Каде е тоа време?
Времето што те донесе,
времето што те украде,
што те однесе?
Зошто постои тоа време?
Времето што ме лаже,
тоа проклето време,
времето Уште Малку,
времето Подоцна,
времето Не Е Време,
што сака да ми каже?
Молчи тоа време,
бега тоа време,
тоне тоа време.
Бездна е,
но јас ќе го допрам дното
за да ја најдам
пораката во шишето,
да го најдам одговорот,
да го најдам и запрам тоа време.
Времето Надеж
ќе биде време Вистина,
времето Сон
ќе стане време Јаве,
времето Чекајќи
ќе биде време Чекорејќи
времето Сакајќи
ќе стане време Љубејќи.
И тогаш, кога „ќе биде“
и тогаш кога „ќе стане“ ,
тогаш времето ќе запре
и ќе остане…
Вистинско време во јаве,
чекорејќи и љубејќи
до другото време,
времето Засекогаш.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ellie Reply

    prekrasno!

Остави коментар