Викенд поезија: Што остана од нас?

Викенд поезија: Што остана од нас?

Автор: Андреј Јанков

Јас ти верував, мила. Мојата доверба до последна капка ти ја доверив тебе.

Срцето мое беше под твое полномоштво, а ти лесно го издаде и продаде.

Го продаде тоа срце што знаеше да сака. Го уби човекот што не знаеше да мрази.

Го изневери. Како со играчка, како со мало дете си поигра со него.

Викенд поезија: Што остана од нас?

Ти го ветуваше неговиот живот. Ти го подаруваше светот на дланки.

Но, тебе ѓаволот те излажа. Влезе во твојот ум и манипулираше со тебе.

А тој насмевката не ја симнуваше додека беше со тебе.

А ти и неа му ја одзема. Сè што имаше му зема. До последна солза очите му ги исуши.

До последна капка го исцеди, го исуши, го уништи.

Што сега? Сега е време за плачење. Тој ќе пати, ќе тагува. Ти ќе се смееш, ќе уживаш.

Тој ќе нема волја за живот, ќе сака да умре.

А ти, ти ќе спиеш во туѓи прегратки додека тој умира.

И нема да ти биде грижа. Неговото срце ќе откажува постепено, и тоа никој нема да го забележи.

Ни ти нема да забележиш. Па како? Кога без совест го остави.

Не ти беше гајле како ќе се чувствува, туку што да почувствува, што да осети.

Зошто одмазда? Што ти стори тој? Што направи освен што ти го подари животот?

Тоа ли заслужи? Во мрак да живее. За надеж да се надева.

Во соништата да те исчекува, да дојдеш, да се извиниш, да се покаеш.

Но, не. Ти не беше човек. Да беше, ќе дојдеше, ќе бараше прошка.

Што остана од нас сега? Само еден човек што се претвори во расипана играчка.

Играчка која ти ја создаде и ти ја расипа. Ти ја упропасти. Ја остави повредена.

Го остави без ронка милост. Без чувство. Без товар на срцето.

Живеј ти сега, а тој ќе умира.

Само тој знае како му е. Нема кој да го сфати. Сите се исти како тебе.

Само тој беше човек. Човек со душа.

Човек со срце. Но остана без ништо.

Неговите последни зборови беа: „Од нас остана само болна приказна.“

Неговиот последен здив беше за неа.

Неговата последна мисла беше: „Те сакам, несудена моја.“

Последниот миг од животот пак беше за неа.

Сè што стори беше за неа. А таа му подари смрт.

Љубовта го уби.

А таа го закопа жив…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар