Поезија: Тишина…

Автор: Елена Миленкоска

Тишина...

Сè е празно,
собата пуста,
креветот сè уште топол,
крвта и ладна и врела,
срцето и стои и чука,
телото и мртво и живо.

Нема љубов,
нема омраза,
само празнина.

Тишина…

Тишина горка,
тишина болна,
тишина мачна.
Бездна… напуштена душа.

Утрото не е повеќе среќно,
светлината не е светла,
човекот не е повеќе човек.

Бладам јас – бладаш ти,
страдаме двајцата.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ivka-slivka Reply

    prekrasno napisano . . . . . . bravo za avtorkata. . . pozzz.

  2. АБД Reply

    многу добро

  3. ivana Reply

    Prekrasno …

Остави коментар