Тајната на животот... или беше кругот на животот!?

Тајната на животот… или беше кругот на животот!?

Автор: Високо Ц

Не, нема да ви зборувам како да го живеете својот живот. И нема да ве учам што да правите кога не знаете што да направите. Имате доволно информации за тоа во книгите за подобрување на сопствената личност, за будењето на сопствениот ум, за тајните и моќта на потсвеста.

Да бидам искрена, и јас сум горд сопственик на неколку вакви дела. Интересни, едукативни, применливи совети. Но кој да ги следи?

Тајната на животот... или беше кругот на животот!?

По дефиниција, кругот на животот е раѓањето, животот (со сите благодати) и смртта. Тајната на животот нема дефиниција. Оставена е на нас самите да ја најдеме. Токму во овој дел, илјадници книги се трудат да ни помогнат и не советуваат каде, кога и како да бараме и да најдеме одговор.

За мене, одговорот на прашањето за тајната на животот е кругот на животот. Одговорот пак, на прашањето за кругот на животот е 4.

Четири дела на кругот: мисла, верба, акција, резултат. И потоа, повторно истото.
.

  • Вашите мисли одредуваат во што ќе верувате.
  • Тоа во што верувате ви помага да одлучите каква активност да преземете или да не преземете.
  • Акциите завршуваат со резултат (добивка или не).
  • А резултатите ја потврдуваат или поништуваат вашата мисла, што ви помага да одлучите дали ќе продолжите во истата насока или ќе направите промена.

Едноставно, нели? И применливо во секој аспект на живеењето. И кога велам секој, навистина мислам секој.

Сепак, секој круг се разликува, иако се повторува. Ако првиот бил одличен, вториот може да биде екстремно лош. Вашиот е добар, кругот на вашиот пријател може да биде подобар. Ама затоа е круг, ви помага да се пренасочите, да се промените, да измените што не ви се допаѓа, да го задржите тоа што ви значи.

Сите книги кои ги имам, имаат заеднички теми и слични, ако не и исти совети. Најважниот, кој се повторува во секоја од нив е „Верувај во себе дека можеш.“ И исто како кругот, се повторува. Дури и кога нема да успеете, анализата на неуспехот ви дава насока како да се подобрите. Понатаму веќе знаете.

Животот е комплексен, а овие неколку реченици се кратки. А ние, како најсложени од сите суштества, сме многу често себични и субјективни. Затоа и не можеме сами. И затоа ги имаме родителите, партнерот, децата, пријателите, колегите, тетката што седи до нас во автобусот, возачот на таксито кој не враќа дома, механичарот кој ни го одржува автомобилот. Сите тие се дел од вашиот живот и во некој момент од животот, можат да остават печат врз вашите одлуки и желби.

Следниот пат кога ќе излезете на кафе некаде, погледнете околу себе и заблагодарете им се во вашите мисли. Јас го правам тоа постојано и признавам, без нив, многу нешта во мојот живот ќе беа поинакви. Сеедно дали ќе беа подобри или полоши.

Затоа, почитувани мои (знаете кои), ви благодарам за сѐ, а најмногу што знам дека сте тука за мене и кога не сте и кога молчите и кога ми кажувате нешта кои не ми се допаѓаат. Ви благодарам одново и одново за секој свртен круг во мојот живот, за секој крај и секој нов почеток!

Ве сакам!

Високо Ц


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. :D Reply

    Браво за напишаниов текст! Потполно се согласувам за се.:))

  2. Име Reply

    “Kolb circle of Life” – facts, feelings, emotions and actions…

Напиши одговор на :D Откажи одговор