Спакувај ми пролет

Спакувај ми пролет

Мозокот ми се буди од зимски сон. Сакам да си ја спакувам росата од тревата и цветовите за да си ја имам преку целата година. И оној мирис на свежо косена трева, или на расцветаните гранки на дрвјата. Пролет да си спакувам во мало кутиче. А мирисот на пролетта делува на тебе како наркотично средство. Колку повеќе и подлабоко го вдишуваш, толку си послободен, помоќен, посреќен. Доза позитива ти струи низ вените и ти се чини дека во моментот можеш да полеташ. Дека сè што е труло ќе се опорави, ќе се исправи, ќе расцвета.

Спакувај ми пролет

Штета што некои работи ги потценуваме.

Како читањето добра книга на балкон. Жешкото кафе во рака со силен мирис кој ти го здрмува мозокот. Или чаша црвено вино додека читаш поезија навечер… Ама најголемата радост е сепак, можноста слободно да го отвориш прозорецот без страв од мрзнење. Го отвораш за да те погали сонцето.

Да ја искористиме пролетта за да ни се разбуди инспирацијата како никогаш порано. Ги креваме чашите и наздравуваме за добрите а и за лошите времиња, за новата брилијантна идеја која се раѓа во овој момент, за возбудата што ја чувствуваме итајќи кон нашите соништа. Наздравуваме за она пријатно чувство на скокоткање во вените од возбуда. За саксиите со цвеќе кои ги извадивме по балконите на виделина сонцето да ги гали. Секое утро нов почеток, секоја пролет преродба. Наздравуваме за оние кои ги сакаме најмногу, за нашите најблиски, за нашите поддржувачи и „хејтери“, за нашите радости и предизвици. Наздравуваме за креативците, за оние кои си го живеат животот по свои правила. За чудните, несфатените, различните.

Оваа пролет одбирам да го вдишувам мирисот на расцветаните гранки наместо отровните медиумски информации, да апсорбирам од мирисот на свежо косена трева наместо од изборни кампањи, самата себе да си поставам предизвик и да видам што ќе биде. На крајот на краиштата сè во животот се менува, освен пролетта.

Таа секогаш е најубава.

Затоа нозете во вис, пуштете си добра музика и скројте си по некој план, зацртајте си некаква цел.

Оти има една тајна.

Пролетниот воздух е магичен.

Да се чудиш какви сè нешта ти стануваат достижни.

Ели

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар