Сонувај за двајца

Автор: Катерина Неделкоска

Сонувај за двајца

Кажи ми, си се обидел ли некогаш да сонуваш? Не сам за себе. Да сонуваш во пар. Да сонуваш за двајца? Две половинки. Мали безначајни. А кога ќе ги споиш добиваш приказна поразлична од сè останато.

Знаеш ли да сонуваш во пар?! И тоа не само да сонуваш, туку и да пробаш да ги оствариш тие соништа. Цврсто да ги зариеш ноктите држејќи се за своите цели и идеали, без разлика на тоа кој што ти зборува. Злобниците секогаш ќе зборуваат. Ќе се обидат прво да ти го скршат сонот, а потоа ќе ги соберат парчињата и ќе си направат нешто за себе, гордо покажувајќи го на светот како нивно дело. А твое дело е. Ваше дело. Твое и нејзино.

Не е лесно да сонуваш за двајца. Пат со дупки и кривини, болка на сите страни. Но кога ќе ги собереш сите среќни моменти кои допрва треба да дојдат, некако како да ти даваат сила да се кренеш од прашината и да продолжиш понатаму.

Целта ги оправдува средствата, нели?! Тогаш зошто ти е гајле кој што ќе рече, ако на крајот вие сте среќни?! Обиди се. Сонувај за себе. Сонувај за двајца. Верувај, крајниот резултат е она за што сонуваат сите, а го постигнуваат само најупорните.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mr. Freedom Reply

    Znaci nema nisto podobro od sonuvanje vo par, vekje skoro 9 meseci sonuvam taka od koi 3-4 i gi otstvaruvam sonistata, prodolzi da sonuvas i da zivees vo par, srekja onie koi mozat da sonuvaat za dvajca…

  2. Moonchild Reply

    Е ова да :) Добро е.
    Само една мала забелешка, се беше стварно убаво напишано се до оној дел со целта и средствата. Некако стрчи во приказната. Прво: целта никогаш не ги оправдува средствата (секако ова е само мое мислење), а второ бидејќи не е твое (всушност се што ќе напишеме е туѓо, сме го прочитале негде, сме го слушнале и сега само се рефлектира од нас на овој или оној начин, како и многу други работи во животот , но мајсторијата е во тоа што претходно кажаното ќе го напишеш како да е твое). Се надевам ме разбираш. Сакам само да ти помогнам, а не да те обесхрабрам, пробај да промениш нешто во тоа делче и ќе биде уште подобро. А, и она ’гајле‘ замени го со грижа 😉 поздрав

  3. Катерина Неделкоска Reply

    Секоја критика е добронамерна, иако не го сфаќам делот со “всушност се што ќе напишеме е туѓо”, затоа што текстот е пишуван од лично искуство, со лични ставови.
    Поздрав 😉

  4. Moonchild Reply

    Тоа се осознова, вака преку коментари не сум во можност да ти ја доближам таа вистина. Се што зборуваш си научила од некој друг, секоја мисла ти е инспирирана од нешто друго. Се е поврзано. Овие зборови некогаш некој друг ги користел сега само се рефлектираат од мене. Не се мои, не се твои, тие се нечии, а и наши во исто време. Како што спомнав погоре, мајсторијата е во тоа кога ќе напишеш нешто луѓето да добијат претстава дека никогаш нигде да не го сретнале. А онаа реченица е клише. И навистина стрчи во приказната. А, и што се однесува на ставовите, СЕ Е ПОВРЗАНО. 😉

Остави коментар