Разрешени мистериите за оние од Венера

Разрешени мистериите за оние од Венера

Еве да ви откријам нешто за себе. Кога наближува зима а времето е студено, се претворам во екстремно флегматична личност и единствено немам проблем кога станува збор за јадење и спиење – сè останато правам со потешкотии. Па како резултат на мојата „сезонска“ мрзливост, за денешната колумна решив едноставно да собирам мислења од повеќе паметни девојки кои ги познавам и да ги склопам во еден текст.

Кога станува збор за љубовните врски, сите ние помалку или повеќе сме минале низ доволно патешествија за човек да може да напише книга. Ако во викторијанското време изразената сексуалност и отвореното зборување за сексот биле забранети, срамни дела казнувани со закон, во новото време сексот и љубовните врски не се табу тема.

Неодамна наидов на многу интересно истражување кое ги издвојува десетте најголеми мистерии на мажите поврзани со припадничките на поубавата половина. Забавно беше, признавам. Ајде да ги сумираме одговорите.

Разрешени мистериите за оние од Венера

Зошто мојата бивша пробува да ми биде пријателка?

Сè уште те сака или пак не знае што сака. Можеби е само желна за внимание. Нема расчистено со своите чувства и пробува да стои блиску во случај да ѝ биде отворена нова шанса. Можеби само сака да добие соодветен завршеток на врската или пак овој пат таа да биде онаа која става крај.

Кој е најдобриот начин да ѝ се пристапи на убава жена/девојка?

Секоја жена сака да биде третирана како посебна и оригинална, затоа не ѝ пристапувај со клише изрази туку со нешто што вистински и конкретно се однесува само на неа. Едноставно – без глумење лудило, кажи нешто паметно и симпатично, но не биди нападен. Не труди се премногу – оставаш впечаток дека си очаен. Најважно од сè – пристапи ѝ со широка насмевка.

Кој дел од машкото тело жените го преферираат?

Ние жените ја гледаме целата слика, така што погрешно би било доколку мислите дека се концентрираме само на еден дел од вашето тело. Но ако треба да сумираме, сакаме искрен поглед, убава насмевка, јака вилица (дури не го прочитав овој одговор не знаев дека всушност и мене ме привлекува, што може да звучи чудно но така е), плочкички на мешето и добар задник не се одмет.

Најважно од сè, речиси и да немаше девојка која не одговори дека кај машко гледа: држење на телото, големи дланки, грб и рамена. Да да да, сакаме широки и секси рамена кои прават да се чувствуваме заштитено и безбедно.

Но слушнете го и ова: „преку надворешниот изглед читаме цврстина на карактер, тоа е она што сите ние потсвесно го правиме“.

Важно им е на жените дали се бричиме и средуваме?

Да, да, да.

Важна е хигиената и грижата за изгледот – тоа ми кажува со каква личност си имам работа. Нејќам да ме боцка со брадата!

Да се средува доволно – да, да се средува повеќе од жена – не!

Како да направам мојата девојка да биде послободна и „подива“ во кревет?

Да ѝ покажеш дека ја сакаш… а може и малку да ја поднапиеш. Направи да се чувствува самоуверено и сугурно за себе и за убавината на нејзиното тело. Впрочем, ние не се вклучуваме на дугме, на нас треба да „поработиш“.

Користете го погледот и допирот за да ја „вжештите“ атмосферата. Правете го она што ви доаѓа природно, не сте во порно филм!

Покажи дека тебе ти е важно и таа да биде задоволна. Посвети ѝ време и внимание. Ќе се опушти кога ќе те почувствува близок на повеќе „нивоа“.

Колку долго да чекам пред да ѝ се јавам откако ќе ми даде број?

Не мора одма да ѝ се јавиш, но наредното утро прати ѝ едно пораче. Не очајно, туку весело и природно.

Не повеќе од еден ден. После тоа веќе знаеме дека „одбројувате“ за да не изгледате очајни.

Едноставно нема правило, кога ќе почувствуваш дека е вистинско време крени слушалка!

Кој е најдобриот начин да ја импресионирам на првиот состанок?

Одведи ме на добар концерт, филм или театарска претстава (тоа дополнително ми дава до знаење дека си се информирал за мојот вкус), и направи да не почувствувам кога поминало времето.

Биди оригинален, одбери најмалку две места каде ќе одиме, направи нешто што никој досега не го сторил за мене.

Направи ми искрен муабет и гледај ме во очи. Сакам да ми кажеш нешто паметно, нешто што држи вода, сакам да се почувствувам инволвирана во тој муабет на интелектуално ниво. Немој да мелеш цела вечер како очите ми светкале како ѕвезди! Свесна сум дека немам такви моќи.
Покажи добри манири!

Постои сигурен начин да знам дали навистина ѝ се допаѓам или само е фина со мене?

Секако! Доколку наоѓа начини да биде што поблиску до тебе, дури и да те допре спонтано низ муабет, знај дека ѝ се допаѓаш!

Види како се однесува со нејзините машки пријатели и дали ти имаш некоја привилегија плус.

Ако е паметен, ќе ме погледне во очи и ќе ми ги прочита мислите.

Па би требало да сфатиш – ако не сфаќаш тогаш всушност не ми се допаѓаш. Повлечи се малку и види дали таа ќе те побара (но не изигрувај недостижен).

Зошто мојата девојка не доживува оргазам? Правам нешто погрешно? До мене е или…?

Најверојатно не е опуштена доволно. Пробај да се зближиш со неа, да те почувствува многу близок, смејте се за време на сексот или предиграта.

Преокупиран си со себе или таа не е заинтересирана.

Пријател сум ѝ. Како да станам нешто повеќе од тоа?

Ако веќе сте многу блиски најверојатно нема да бидне ништо.

Треба да сте пријатели доволно долго за да не испаднеш нападен и доволно кратко за да не си заглавил веќе во „пријателската зона“ засекогаш.

Биди храбар, нели мајка ти ти велела дека си СИН на мајка?! Покани ја на состанок, нема да е крај на свет ако рече „не“.

Всушност, да не се лажеме. Ние можеме да ви дадеме многу одговори, но ни една мистерија за жените нема да биде целосно откриена.

Ели

П.С. Женски, ви благодарам што завршивте дел од работата за мене. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Lodemai Reply

    Напротив, денес е поубаво кога мажите имаат брада али средена брада :))

  2. segnorita Reply

    i jas sakam da iskomentiram.. masko so brada e poseksi

  3. Lile Reply

    Znaci ni eden maz nemoze da zaglavi vo prijatelska zona zasekogas kako sto vie kazuvate, dokolku i dvajcata imaat hrabrost da ja preminat granicata na prijatelstvoto so sigurnost postoi ogromna sansa za najubavoto romanticno patuvanje za niv dvajca. I pogolemiot del od ova pogore vi e mnogu pogresno razmisluvanje i tolkuvanje. ama sepak sekoj si ima svoe iskustvo. 🙂
    Pozdravce

Напиши одговор на segnorita Откажи одговор