Прегратка

Автор: Катерина

Прегратка

Чекајќи те, моето срце вришти од возбуда.
Моето срце, малечко, но со многу љубов во него, сака само да допре до твоето.
Пеперутки низ стомакот, волшепство, бајка, ноќ, која штотуку започнува.
Твојот лик, моја храна.
Се појавуваш. Убав, згоден и совршен како и секогаш…
Чекорам кон тебе, ти праќам насмевка, а ти ме погледнуваш како и секогаш, страсно, топло…
Ти ја подарувам мојата прегратка, најубавата прегратка, исполнета со љубов и топлина.
Мојата желба оваа вечер си ти.
Твојот мирис.
Твојата насмевка.
Ти.
Како ли дозволив да те немам во моите прегратки толку долго? Како? Не смеев тоа да го дозволам.
Плачеме еден за друг, ние сме совршени еден кон друг.
Рачиња сплотени, се држат и чекорат кон љубовното гнездо.
Не можам а да не престанам да те гледам, допирам…
Те гушкам…
Те милувам..
Се смеам… Ти си мојот живот..
Заспивам во твоите прегратки..
Нема ништо поубаво.
Спијам и сонувам до мојот сакан..
Колку ли само ми недостигаше.. Денови.. Месеци без тебе..
Посакувам само едно.. Да не мораме да се одделиме од креветот цело утро..
А мораме ли?
Ах, колку само ми фалеше овој мирис..
Никогаш нема да те оставам.. Секогаш ќе пловам во твоите мисли..
Засекогаш.
Љубов моја..

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар