Полноќна

Автор: Дарко

Полноќна

Отсјај од огледало,
трепери, те бара…
вечерната магла ја разбива,
нурка во длабочината на душата
и… пронаоѓа пајажина.

Капката роса,
кондензат на една чиста љубов,
полека се слева во потокот солзи,
врели, солени, полни копнеж.

Шепоти едно срце,
рецитира поезија, љубовна,
ја буди душата да му створи мелодија,
да ги разгори чувствата,
поривот љубовен да го скротат,
да ја врзат муграта со денот иден.

Сликата полноќна,
насликана од солзи,
љубов и копнеж,
срце растреперено,
душа вознесена од чувства,
лесно потпрена на ѕидот,
плете вистинска приказна,
моја љубена.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар