Поезија: Те вдишувам...

Поезија: Те вдишувам…

Автор: Симона

Поезија: Те вдишувам...

Толку се гласни дождливите капки, кои удираат на површината,
па се топат и тонат во мекоста на земјата…
Се мешаат мириси на две тела некаде во дамнешни соништа,
во најдлабоката бездна која не го чувствува својот крај…
И две замолкнати тишини се будат во својот глад,
се приближуваат кон својата острина која нежно убива…
Едни прсти кои оставаат силен стисок на кожата,
те галат сеќавања од нивната грубост …
Раце на кои се препушташ исто како што паѓаш
во некоја зимска ноќ во длабочините на снегот…
Успиени движења во одминато време
кои полека нежно се влечкаат кон приближувањето…
И студот полека го заборава својот лад од топлината
која го пополнува секој безграничен простор…
Тука воздухот станува сè потежок и потежок,
дишењето ја заборава својата редовност…
Тука исчезнуваат сите мисли во својата спонтаност,
останувате само вие двајца се затворате во заеднички сон …
Тука ги покриваш очите и ги оставаш другите
сетила да водат во непознат и нов правец на распознавање…
Ја чувствуваш жедта која повикува од неговите
усни каде што исчезнуваат последните капки на трпение…
Заспива вовлекувањето на трепетот некаде
под површината на твојата кожа…
И се помрднува секоја стабилност од вознемиреноста на
твоето замислено тело кое заборава каде е…
Нежноста почнува да ги зарива своите заби на
секое местенце кое плаче од болка…
Плетеш за себе лично мрежа од збунетост
се гушиш и сè уште трагаш по чадот на затемнувањето…
Горчлив вкус на недозреано овошје на кое
не можеш да одолееш и го земаш пред своето време…
Ја распостелуваш својата душа на дното од
своето вивнување во највисоката далечина, ја предаваш…
Ги бришеш своите бакнежи за да можеш да
изрезбаш нови подлабоки и безбојни дела на неговата силуета…
Се заплеткуваш во своето грчење и едноставно
твоето тело престанува да се движи…
Го разголуваш својот немир и ги препушташ своите воздишки,
на мирната тишина ѝ ги оставаш да одекнуваат во неговите уши…
И векот не знам како ама се собрал во само еден час,
но ете од се тоа остана повторливиот незаборавен копнеж…
И во голотијата на стутканите тела како што сенката ве покрива
се завиткувате во својата топлина, прегратка на спојувањето…
Која ме разнесува на неизбројливи парчиња…
и ме тера да се навраќам во секој момент, во секој допир, секој белег…
за да се пронајдам… и да ти се вратам пак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    С И Л A

    Ќе те допрам
    и ќе те стоплам
    ќе ти дарам мила
    малку од мојава сила.

    Чувствувам мирис
    на чај од јасмин цвет
    што мојот разум
    го прави свет.

    Пиј, мила,
    напиј се од овој
    волшебен лек,
    затвори ги очите сега
    и чувствувај.
    Чувствуваш ли, мила?
    Да, чувствуваш,
    но сега
    без допир сила.

    Се прашуваш сега
    што ли е ова,
    зошто ти говорам
    зборови во рима?
    Затоа мила,
    зашто во овој свет
    не може да опстане
    како тебе цвет
    без малку сила.

    Твојата душа мила
    е чиста како свила
    тенка и силна,
    но искра една –
    и исчезнува
    како и да не била
    прекрасна бела свила.

    Отвори ги очите сега
    и погледни:
    чувствуваш ли сила?
    Без прашања
    си сега мила
    без двојби
    за некаква недоверба силна.
    А знаеш ли зошто мила?
    Зашто во очите твои
    прочитав моја убава рима

    СО љубов ваша
    ВИТА-ЧИ

Напиши одговор на Весна Пирузева Петровска Откажи одговор