Поезија: Сама на дождот

Автор: Кристина

Поезија: Сама на дождот

Подголтнувам.
Подлипнувам.
Главата исправена
Чадорот благо наведнат
Не сакам никаков контакт
Со обичните минувачи
Сакам да наврнам
Но не и да давам објаснувања
Не и да слушам попувања
Патот до дома е долг
Но не размислувам за дома
Го олабавив телото и одот
Оставив безволноста да навлезе
Очајот на празна тага да загризе
Оставам солза да потече
Без крик да повлече
Пијам едно место со очите
Вадам силуети од спомените
Истите силуети од истото место
Само овој пат фиктивно
Се потешка празнотија в гради
Секое вдишување боли
Секое издишување гори
Уличните светилки ги кријат моите сенки
Сенките го кријат моето лице
Под чадорот со кој се делам од светот
Моето лице збрало грчеви
Очекувања и порази
Разочарувања и надежи
И усните збрале зборови
Но ги осудиле на робија
А не можам да те побарам
Ќе се упропастам
Ако не те побарам можеби уште повеќе
Но тоа е улогата на гордоста
И останавме сами јас и дождот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар