Писмо до неговата девојка

Писмо до неговата девојка

Ако некогаш дознаеш за мене, разбери го. Јас го разбирав, разбери го и ти. Разбери дека го посакував, го обожавав. Секоја моја емоција, верувај, наместо да ја кажам, паѓаше од моето срце. Ја газев со мојата штикла и пробував да ја закопам, но сè уште го носам неговиот парфем на мене, а по малку и твојот. Во секој наш состанок ти беше присутна, те имаше повеќе тебе одошто ме имаше мене. Ти си неговата кралица, мене ме помешал со златна рипка.

pismo-do-negovata-devojka-kafepauza.mk

Ако некогаш дознаеш за мене, разбери го, па и ти имаш повеќе од еден парфем. Ете, замисли дека јас сум оној парфем – секојдневен, а ти, за вечерни излегувања – специјален. Ти си таа која се чувствува надалеку. Така ќе биде полесно. Јас не очекував да ме љуби, неговата љубов ја троши на тебе, ќе бидам задоволна само да ме посакува.

Ако некогаш дознаеш за мене немој да го мразиш, немој ни мене. Верувам во карма, но немој…

Ако некогаш дознаеш за мене, да знаеш дека и јас се прашувам зошто сè уште сум тука. Нели за танго се потребни двајца, тогаш што сум јас? Вашиот ореол? Не, тоа е свето нешто, а јас… Јас сум најверојатно подиумот каде што танцувате. Погледни ме, сè уште стојам таму каде што давам сè од себе за да го задржам до мене.

2-pismo-do-negovata-devojka-kafepauza.mk

Не е фер игра девојко, се натпреваруваме, а ти не ни знаеш дека стоиш на овој ринг. Не знаеш дека твоите соништа се на работ на бездната, а јас ја трошам мојата последна капка пот за да ги турнам. Далеку, во неповрат… Не знаеш дека во неговиот живот постои таа фатална жена – јас. Негов немир, негов благослов и проклетство.

Јас како мало учениче со љубовта во раце секое гледање со него го замислувам како задолжителен час кој ќе ме научи на нешто ново. Претворајќи се во сунѓер впивам сè што неговата уста ќе исплука на површина. Јас сум девојка со надеж за десет животи, а тој не ми дава надеж ни за еден…

3-pismo-do-negovata-devojka-kafepauza.mk

Ако некогаш дознаеш за мене, не се прашувај што правам тука. Да знаеш дека јас и тој сме исти. А ти, ти си премногу за него, остави го тој е премалку за тебе. Знам дека го чувствуваш тоа.

Остави го, не сте еден за друг, барем така се тешам јас… Ти мислиш дека тој е твоето подобро утре, но тој стана твоето најлошо вчера.

Ако некогаш дознаеш за мене, разбери го… Јас бев неговото затишје пред бура, а тој моето торнадо кое ме врти во круг!

Другата девојка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. davor Reply

    big like…

Остави коментар