Нова мода на Фејсбук: сите со статуси „In a relationship“

Автор: Нина

Нова мода на Фејсбук: сите со статуси „In a relationship“

Изгледа помина подолг период откако јас прејдов во старомодните. Некако скопскава трач мода ми стана толку излитена и веќе слушната работа, што и малку се повлеков од пукање сеир на новонастанатите „ѕверки“ во градот. Уз муабет, со колега, не знам како стигнавме до темата: зошто веќе подолг период немал девојка. Причината која ми ја кажа беше сосема коректна, дури се сложив со него целосно. Но! Имаше и нешто шокантно за мене, поточно нешто за кое не бев информирана своевремено.

„Па Нина, јас сè уште ја немам фатено болеста што кружи низ градов. Значи, денес си „фаца“ ако си ‘In a relationship’.“

Хм, се зачудив. Денес во Скопје било у мода да се држиш за рака. Некако не ми се веруваше, но оставив потсвесно мозокот да ми работи на таа тема и тоа добро да го истражам кога ќе стигнам дома. Уште позачудувачки ми беше што уствари последен пат кога направив апдејт на тоа што е „ин“ во Скопјево, сè уште беше во мода да си „Single“ и да не се замараш со ништо друго освен со себе. Морам да признаам, се ставив во мисла.

Седнав дома на писи. Ако на ФБ не можеш да дознаеш нешто, каде на друго место!? Шок!!! Констатацијата на мојот колега – апсолутно точна! Од 700 и нешто „пријатели“, тие што не беа веќе во брак, беа „In a relationship“, и тоа чисто онака ненадејно. Луѓе кои до вчера секогаш сум ги рачунала за сингл и тешко дека се натерувале да влезат во врска (пошто не беше у мода јасно), сега „In a relationship“!!! Дури и другари кои не се даваа лесно. 5 другари – 5 „In a relationship“ статуси. What’s next???

Во Македонија, статистички, последниве 3 години секој втор брак завршил со развод. Поточно 70%. Се плашам дека после свадбите на некои познати градски фацки, и ова чудо (женачката) ќе стане мода во градов. Нели сме ние „во љубов“, свадбата ја доживуваме како една поспецифична журка и се натпреваруваме кој помодерна ќе направи, да не е забегана, старечка, со ора и чочеци и да не носи младожењата кравата ни невестата тул, значи бракот не е битен. Битна е дешавката наречена свадба. Ако не оди не оди, што е битно тоа. „Битно ресторанот да ти се погоди“. Не за џабе ја пуштиле у етер.

Како што секоја година модната недела во Париз, Њујорк и сл. се менува, така и во Македонија емотивниот статус се менува, само зависи што е во мода. Врските веќе не се врски, туку се „еј се држам за рака, у тренд сум“, бракот поточно денот на свадбата е ден од кога почнуваш да ги одбројуваш деновите до развод.

И на ова баш би сакала да ми каже некој:

„Кога сето ова вака функционира, што е денес во тренд кога станува збор за љубовта??? Дали воопшто постојат чувства или тоа е „аут“ оваа сезона. Не ради друго, да знам дали сакам да сум модерна или не, да знам на што сум…“

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. lik Reply

    Bas ova go imav primeteno,deka mnogu luge ocajno fakaat deckovci/devojki samo za da bidat “vo relationship”.

    Bljak.

  2. Тони Reply

    што било во мода на фејсбук.со вакви глупости ли ќе се занимаваме.а да поработиме малку на себе за промена?

  3. Филип Reply

    која си ма ти? шо е работава? немам шо да праам па ај ќе лупам празна слама!!! сите мудрувате. плус, кога веќе пишуваш некаков блог, или пост, се пишува на литературен јазик, а да, и не се пишува граТски туку граДски, Т и Д се прилично далеку за ваква грешка!

    • Гоа Гил Reply

      “која си ма ти? шо е работава? немам шо да праам…”

      • oh oh Reply

        Абе мора во тој стил да и се обрати за да се разберат полесно 😉

  4. Petar Reply

    Додека го читам ова не можев да поверувам што воопшто читам и размислувањето што е тренд а што не е. . . Дали ако сакаш да бидеш фацка во градов мораш да бидеш во врска??? Глупост ! Ако се сметаш себе си за мангуп биди единствен и терај си свој филм не се замарај за се во околината, тоа што пола град е во врска или има некаков статус на Ф.Б. не е само за зборот јас сум во скопска шема туку тоа е дека пораснале и сватиле дека треба нешто да променат кај себе тоа сфати го како еден вид промена а не како нешто што сите го следат и се обидуваат да бидат во тренд. немам ништо против статијава како што имаш ти свое размислување и го искажа така го искажувам своето мислење не сакам да бидам погрешно протолкуван 😀 😉

  5. M Reply

    Поголема глупост немам прочитано

  6. Mina Reply

    Ne se ni macham da go chitam “prilogov” posle prochitaniot prv pasus.

  7. Јас Reply

    Луѓе ко да од вчера информацијава. Мислам ми нема никаква поента, па и прашањево каква е љубовта денес, со чувства или без? Ајде Нина ти кажи ми каква е љубовта денес? Другар ти навистина не е во тренд, напиши сега една статија како да постанеме тренд. Со сета моја должна почит ама ми нема поента постов воопшто, особено кога живееме во свет на технологија, а она муабетон фаќам женска за на фб.. излитена верзија.. Не знам што би добиле со тоа ако ставиш врска на фб, би ни се нахранило егото или си ја покажуваме способноста?

    • aleksandra Reply

      Jas zasto voopsto se zamaras da postanes TREND…tolku ti e mizeren zivotot…jas nemam vreme iskreno da se zamaram sto mislam drugite za mene dur ti go pravis toa DRUGITE SI GO ZIVEAT ZIVOTOT…ne sledi moda sto bilo IN a sto ne…ZIVEJ KAKO TI CINI BE i ne se fakja zenska za na FB tuku za da bides normalen vo opshestvoto…znaci NORMALNO E…nema nisto tuka od MODA ili za FB…sto si ti nekoj neodreden vid ne te privlekuva NIKOJ…ili si izgoren/a za vrska

      • Јас Reply

        Не сфати дека е иронично кажано м? Хахах дарага имам живот сосема поразличен од она што е наведено, само ти требаше да ја сфатиш иронијата на постов.. премногу ми е скапоцен за да се замарам со детски работи. кегоаш е убаво да се сфати поенатата. и прочитај ја последната реченица. Рипни па кажи оп!

        • Јас Reply

          Се извинувам за грешката мислев *некогаш.. и големо И

  8. Anonumous Reply

    Ne mi se veruva sto procitav sega. Devojko, seriously?!?!

  9. блаблааа Reply

    мислам… кој фактор ја нападнавте девојкава??? Па ако веќе сме искрени тогаш бидете искрени до крај… ДЕНЕС се се врти околу фејсбук… се што направиле, не направиле или планираат да направат луѓево пишуваат на фејсбук…
    Како божем на сите им е гајле дека прошетале со кучето, дека пиеле кафе ваму и таму, дека дечкото/девојката му подарила нов парфем, дека поминале незаборавна вечер со драгата личност, дека и се скршила штиклата или дека на фраерот му се дупнала гумата од колата… Па жими… ај да не се доизразувам… ГАЈЛЕ НИ Е КОЈ ШТО НАПРАВИЛ!!!
    Кај е интимата бре луѓе?
    И не сум од Скопје али ова што е напишано од Нина е суровата денешна реалност… Ова што се случува и што целите животи ги пренесувате на фејсбук е жива озборувачка работа…. е сега да, освен ако така сурово не с епронајдовте во текстов и ако не сте опседнати со фејсбук тогаш е веќе друг проблем.
    И да, се сложувам, па батеријата на мобилниот ми трае повеќе од врските и менувањето на статуси на врска на фејсбук…
    Значи мизерно е што денеска голем број влегуваат во врска само затоа што статусот им бил сингл на фејсбук…
    не е фејсбук за сите…

    • aleksandra Reply

      bla bla epten ja utna temata ej…

  10. Nina Reply

    definitivno se slozuvam so блаблааа :))

    • oh oh Reply

      Абе кој што го боли. Еве блабла може, на пример, да напише статија за тие што не живеат во Скопје, пак нешто поврзано со фб, колку да е во тренд, нели..

  11. Наруто Reply

    Прво,научи го литературниот правопис на македонскиот јазик па после пишувај блогови,постови или што и да ми ти душа посака…
    Второ, секој има право да прави што сака… нивни живот,нивно гајле а ако мислиш ти дека со некој глуп и банален текст ќе ги натераш на луѓето да се замислат се лажеш и тоа многу..
    И трето, сигурно си ти една од тие многуте кои си ги опишала во текстов кои се во врска од чиста “мода“

  12. sosema vo red Reply

    Mislam deka site losi komentari sto otidoa kon statijava se samo NE SAKANJE DA SE PRIZNAE BOLNATA VISTINA. Lugjevo gi boli da priznaat deka devojkava e vo pravo. Deka se denes se vrti okolu moda i facebook. A dodeka taka razmisluvate normalno e da skokate i da se bunite. Cuknete si gi glavite dodeka ne ste stanale roboti. Pozdrav.

  13. Nina Reply

    Наруто-не сакам еден по еден да ве реплицирам.Секој има право на свое мислење. Мојот начин на изразување НАМЕРНО е таков, нема потреба да учам да зборам литературно бидејки знам. Прашање е само ДАЛИ САКАМ да зборувам така. И да. 80% од врските биле мода,како што рече некој погоре-подолго ми трае батеријата на мобилниот него ли нечива врска…Заправо зашто ондак веднаш се впуштаат во врска е прашањето… Како и да е фала на критиките-добри или лоши. Тек за следниот текст има да ме карате :)

    • oh oh Reply

      Следен текст?
      Те молам поштеди не и најди си друго хоби, пред да го избришам порталов од букмаркс.

  14. aleksandra Reply

    ALOOOO KAKVA PROSTA MASA IMALO MISLA BRAVO SEKOJA CEST hahahaha JAS NE ZNAM VOOPSTO KAKO TOA ZBORIS “TI” STO SI GO NAPISAL/A POSTOV DEKA E VO IN ILI OUT DA BIDES “in relationshep”…Mislam navistina???ALOOOOO toa e 1vata normalna rabota na svetov tolku li si ocajna ili ocaen da najdes nekoj?Pa sea najde da seres koj bil ili ne bil vo vrska…sto sakas da kazes ke go sirime AMERICKIOT STIL kako ONE NIGHT STAND kao NIKOJ ZA NIKOJ NE SE ZAMARA…e si se zae*al ima lugje sto znaat da cenat vrska a ocigledno TI NE ZNAES…kakvo sranje se postoi kako voopsto ste dozvolile ova da se stavi na internet…hahahahahahhahahahahahahha a za toa deka SITE SME ZAISNI OD FB VISTINA Ama ne priznavate deka ako ne e FB pak ke najdete nekoe mesto za da tracarite i da PUKATE SEIR…taka da dosta go brukate fb ako ne i se svigja koj K visite nonstop i se zamarate koj bil a koj ne vo vrska dali imal bebe dali se razvel ili ne…toa bilo…sega se vika FB….a vo idnina KOJ ZNAE KAKO…LUGJE SME I DUR STE ZIVI KE OGOVARATE I KE SE ZAMARATE SO DRUGI

  15. Waldorf Reply

    Јас имам дечко, ама во никој случај не би го менувала статусот на Фејсбук. Всушност, никој не ми го ни гледа статусот бидејќи тоа е помеѓу мене и мојот партнер, а не помеѓу нас и сите останати.
    А, ти Нина, мислам дека алудираш на нешто друго, почнувајќи од твоите 700 пријатели. На никого не му се потребни толку многу луѓе на Фејсбук, бидејќи сигурна сум дека сите тие 700 луѓе НЕ ти се пријатели во вистинскиот живот. Therefore, мислам дека не треба да те интересира за љубовните животи на твоите пријатели/познаници/пријатели на пријатели. А, ако ти патиш од комплекс на немање дечко и тоа што не си во тренд, остави го Фејсбук и излези да се забавуваш девојко! Вистинскиот живот е многупати подобар од виртуелниот, а исто и негрижата а туѓите проблеми и врски.

    • Demonic Reply

      Поштовање за делот со 700-те пријатели :D.

  16. Nina Reply

    Добро Waldorf јас една работа не ви ја свакам. Како може истовремено да обожавате да читате трачеви и да солите памет дека секој за себе треба да гледа. Што мислиш ти?? Јас патам само од комплекс на искреност која ОЧИГЛЕДНО премногу силно ги погодува девојкине од типот на АЛЕКСАНДРА прибидејки девојкана се испогуби и се изгуби во свемирот мешајки една друга трета тема за на крај ништо човек да не може да свати што рекла. Можеби и затоа ми беше смешно кога прочитав како хистерично се истресе небаре сум и убила родител со тоа што сум го кажала своето мислење (на кое стојам долго време). Значи ЕДИНСТВЕН ФАКТ овде е дека таквите ко неа што почнуваат да вреѓаат е само дека ги боли вистината. Значи 10 негативни параноични хистерии се губат помеѓу 300 лајка. Мора и такви да ве има,. јбг, за вас и пишувам нели..

    • oh oh Reply

      Каков е овој однос спрема читатели? Ти си тука заради нас, а не ние за тебе. Ние можеме да отвориме и друг портал, туку тебе кој ќе те чита. Јас до пред малку бев разочарана од твојата “статија“, ама сега откога ти го видов одговоров, зборот разочарана изгуби интензитет.

      А и штом броиш ЛАЈКА и се потпираш на истите, се класираш во истата група на фб зависници, на кои наводно се потсмеваш.

      И тоа што имаш мислење (секој има и има право да има), не значи дека треба да го пишуваш на јавен портал!

      Поздрав

      • Кафе пауза Reply

        Драг/а Ох ох,

        Текстот на Нина е објавен за да предизвика дискусија и размена на мислења. Затоа, без навреди, без груби зборови и без закани. Едно образложено сложување или несложување со напишаното е сосема доволно.

        На порталот излегуваат многу различни содржини, па се надеваме дека тие ќе ти бидат доволна причина да продолжиш да нè читаш. Доколку не можеш да ги поднесеш колумните на Нина, едноставно прескокни ги. Ако и тоа не ти го поправа впечатокот за нас, тогаш твое е да одлучиш дали ќе го посетуваш Кафе пауза во иднина.

        Сè најдобро :)

        • oh oh Reply

          Каде видовте навреда или закана во мојот коментар. Можеби треба уште еднаш да го прочитате нејзиниот нејзиниот. Еве ќе ви поедноставам:
          “Мора и такви да ве има,. јбг, за вас и пишувам нели”

          • Кафе пауза

            Не заземаме ничија страна, без разлика што постот е излезен на нашиот портал. Но, коментар од типот: „Следен текст?
            Те молам поштеди не и најди си друго хоби, пред да го избришам порталов од букмаркс.“ е во форма на закана, а е и навреда за нас бидејќи еден тип содржина кој се објавува преку формата „Предложи содржина“ не би требало да ти го креира впечатокот за целиот портал, ниту да биде основа за твојата одлука дали понатаму ќе ти биде меѓу листата со омилени или не.

            И коментарот на Нина е груб, но веројатно тоа се должи на провокациите во многубројните коментари со негативен став кон нејзиниот текст.

  17. Ана Reply

    Не можам да читам текстови со такви правописни грешки кои ќе може да ги исправи и дете од трето одделение. Едноставно ми бодат очи. Настрана од тоа, целиот текст има толку неважна содржина, што не знам зошто некој воопшто би се замарал да го чита.

  18. Frosina Reply

    statijava e chista glupost!

  19. Nebitno Reply

    Zasto ja napadnevte devojkata i statijata, ako ne se soglasuvate, ne citajte i ne mrcete samo. Ste stanale hejteri do daska!
    ne se prepoznavajte odma, ne e ova napishano za site, tuku za odredeni lica koi navisitna gi ima..i da znam devojki konkretno placat za da bidat in a relationship na fb!
    Dobra statija mene mi se dopadna prodolzi taka devojko, sekogash ke ima nekoj na koj nema da mu se dopadne!

  20. Хипи Reply

    Колку и да се лажиме очигледно е дека љубов има се помалку. Можеби не е напишано на добар начин ама поентата е точна. Дали за бркање мода или пак само за забава не знам ама луѓето се повеќе се гледаат само како предмети…

    • Kate Reply

      Потполно се сложувам со Нина. Луѓе ако живеете за другите, и тоа што ќе кажат тешко е да го прифатите фактот. Да нормално е да имаш дечко ама не и со првиот што ќе налета само за да не бидам сама т.е затоа што тоа е нормално :-) Па после чукај си ја главата цел живот … Нормално е да бидам убава ? Па сите не сме подеднакво убави :-)) Или нормално е да шеташ по светот и да ставаш слики а па има болни луѓе кои што живеат од тоа да видат кој со кого бил, кој каде бил ….

  21. Магдалена Reply

    сФати дека сФаќа се пишува со Ф.

    • oh oh Reply

      Се пишува и со В и со Ф, ама кој да свати 😉

  22. ОutSideTheBox Reply

    А тоа дека се се врти околу facebook и слично, знаете највеќе важи само кај адолсецентите и недозреаните млади личности. Тие што се оптоваруваат со тоа да видат кој што напишал кој каква слика постирал, кој со кого како, бла, бла се дечишта од 7 до 17 години. После некое време ќе им стане смешно што некои воопшто и го прават тоа. Се си оди со годините. А ако сте вие едни од нив глејте да созреете што поскоро а не да млатите празна слама на интернет за тоа дали да си in a relationship било во мода или не. Бидејки статистички гледано во одредени временски периоди има повеќе врски во одредени повеќе раскинувања или разводи, како сакате сеедно. Ако некој се решил да го објави тоа јавно на фб не значи дека е мода или незнам си што. Јас не сум приметила ниту една од тие две моди да си или да не си во врска на facebook сум приметила само многу српски излитени фрази постирани на статуси, за тоа како је јако бити сингл од недозреани тинејџерки. Без врска. А ако коментираш за свадбите и разводите би ти препорачала повеќе да се информираш бидејки денешниот пораст на разводи не е од непостоење на љубовта или од венчавање од пуст мерак за фенси свадба, земајки ја сегашната економска состојба на светот и стресниот начин на живот. Начитајте се, информирајте се, па после пробувајте да пишувате кул статии.

    • VSK Reply

      БРАВО!!!

    • To e to Reply

      И го рече.

  23. Ване Reply

    http://www.demotivacija.mk/newest/all/facebook-36430.html

    Вака некако да не изгледа тоа ???

  24. ''OUT'' tipka !! Reply

    I SE POBUNIJA SITE SKOPSKI ”FACKII” … TRAGEDII STE LUGJE …. pozitivni komentari za napishana statija zatoa shto bash ja dava realnata slika za vas ” fackite” !!! … premnogu mi se dopadna … BRAVO !

  25. oh oh Reply

    Поради “статијава” се замислив што е помодерно.. тоа со Фејсбукот или пишување “статии” (по секоја цена). Се надминав себеси со тоа што успеав до крај да го прочитам текстов, надевајќи се, ете, дека можеби барем крајот ќе прави смисла/ќе биде интересен. Вакво губење време не е ни за кафепауза.

  26. Dren Reply

    Глупости!!! Шом некуј има право на да пиша колумни на некој “не- знам – ти-каков -јазик” и јас имам право на малешевски, барем чиста форма е, еле? Е са да ти кажа на тебе драга Ниничка, секуј има право да си го каже неговото мислење,точно, ама па има разлика,.Мисла разликуваа се текстовето и стило на искомплексираните ” демек- free” фејсбукерки сос 700 пријатели и текстовето на останатите. За жал вас, искомплексираните сештомразачи ве има се повече. ПОЗДРАВ!

  27. Demonic Reply

    Она што ме ку*чи во последен период низ сајбер просторов е тоа што секој што е на тастатура се замислува дека е некој конструктивен критичар и пишува за најмала дебилност, толку ситна, што не би ја ставила во есап ако не го прочитав сето ова.
    Статијава ја толкувам како директен атак на секоја персона која во последниов период сменила статус од single во in a relationship. Да напоменам…јас спаѓам една од тие. Со оглед на тоа дека имам константна врска од веќе две години наназад, а до пред некој месец статусот беше празен, па го променив…и на сеирџиско место да видат дека сум со некој…дали и јас спаѓам во оваа група на тренд-сетерки?

    Скопска шема велиш? Не баш. Повеќе би рекла шема на недозреани пубертетлии чии хормони сеуште вријат, без разлика дали биле во Скопје или во Пехчево. Со мојата скромна листа на пријатели од нешто плус од сто пријатели на Фејсбук (за разлика од седумстоте на Нина) не сум наишла на ваков тренд од нив.

    Не ти се допаѓа тоа што го гледаш кај твоите фамозни 700 пријатели? Блокни ги, игнорирај ги, избриши ги…имаш еден куп опции. Не е доволно и тоа? Деактивирај го профилот.
    И доста со мрчаторски „колумни“. Навистина, не е ништо „фенци“ ако се јаде бурек за нешто што не ни вреди тастери да се трошат, камо пак, да зафаќаат место во дата-база.

  28. reni Reply

    komentarite vi izleguvaat od kontrola.Mislam deka kaj kolumnite ne treba da se ovozmozuva ostavanje na komentari, a dokolku nekoj saka da i pise na devojkata sto ja objavuva kolumnava,togas neka go stori toa direktno na nejzina mail adresa. Mislam, me vadat od takt luge sto vaka zolcno vregaat,a takvi, citajki del od komentarite, gi ima mnogu. Bidete moderni i ne vregajte odma. Namesto toa,eve kazete sto Vie bi promenile vo celava statija,ili vo generalnoto poimanje na FB i sl. Jas na primer, eve, facebook nemam i top mi e :) ne gledam nesto da mi fali. Od kako go deaktivirav profilot imam ton vreme da izgledam dobar film ili procitam kniga ili se druzam so mojata kerkicka. pozdrav

Остави коментар