Несфатените фраерски ставови

Ја спуштам шолјата со кафе и се ѕверам во кујната. Се прашувам, кога недај Боже би ми влегол крадец дома, колкава повреда би му нанела со дрвената лажица за манџа? За што размислува човек без работа… Зафатеноста е најважното нешто на светот. Човек без обврски почнува да филозофира и драматизира за своето постоење. Затоа решив да се фатам за работа и да пишувам…

Посматрајќи го брат ми како гледа филм во кој дечкото ѝ симнува ѕвезди на девојката со клише зборови, почувствував огромна одговорност како постара сестра, која демек има врска од животот, да му дадам до знаење дека тоа е само филм и да го насочам во друг правец. Во реалниот живот, паметните девојки не паѓаат на глупави фрази. И додека му објаснував на 11-годишник дека клучот до женското срце на долгорочен период, не се „фраерските“ потези, јаките коли и симнувањето ѕвезди, почувствував потреба да го кажам тоа на разглас. Па таква лекција треба да им се одржи на многу постарите. На крај си реков, остави го детето на мира, што го замараш, секако, стискајќи палци дека нешто му влегло во глава и дека во иднина ќе порасне во вистински џентлмен, баш како што сестра му го учела.

За да допреш до женското срце не ти се потребни лигавења, туку треба да покажеш дека ти е грижа. Кога момците ќе сфатат дека клучот до женското срце, пред сè е грижливоста? Е сега, да не си мачкаме очи. Ако веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди.

Несфатените фраерски ставови

Џони Браво можеби е само лик од цртаните, но со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, а воедно се користи за да се исмеат истите. Сите негови плитки финти и клише изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а неретко добива и ќотек. Вистински пример за како НЕ се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат. Сличен случај е „македонскиот Казанова“, Тошо Малерот: „Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“

Што најчесто прават мажите на состанок (уште веднаш ќе испратам извинување до исклучоците, кои секако дека ги има): ги влече нозете по пат за да те привлече звукот и да ги забележиш неговите оригиналки Адидас, „ненамерно“ секој разговор завршува со по некој детаљ за неговата кола, мафта со мобилниот како да е единствениот на земјава благословен со телефон или се фали за бројот на женски кои ги имал, (е од сите нелогичности, последново е најголемиот апсурд).

Ако зборуваме за состанок кој би водел до сериозна врска со иднина, тогаш нема да ја освоите ѕверејќи се во нејзиното деколте, иако не негирам дека можеби би ви успеало ако барате нешто за една вечер. Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.

Нема девојка која не „паѓа“ на џентлменски гестови и грижливи потези. Па нареден пат, пред да пробате да ја освоите тропкајќи со клучот од вашиот автомобил по масата, пробајте исполнет муабет кој „држи вода“. Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи. Кога ќе ѝ подарите цвеќе, ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.

Сакам да чујам ваше мислење на темава. Согласувања, несогласувања и аргументи. И она најважното, сакам да чујам мислење за спротивната страна. Што е со погрешните начини на заведување кои девојките ги применуваат?

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Claire Reply

    “Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.” – Колку е само точно ова. Можеби некој ќе рече па што бара интелигентна девојка на состанок со некој таков, но реално како би знаеле ако не појдеме на тој состанок? Се е искуство во животот, но жално е што ваквите девојки се потешко и потешко наоѓаат сродна душа,а бараат само приземен дечко кој нема да ја гледа како сексуален објект,како што веќе спомна. Сметам дека многу подлабока поврзаност во врската се постигнува кога имате толку многу теми за разговор,кога пријатно ќе се изненадите од начинот на кој тој размислува и колку многу работи постојат што можете да ги правите заедно.

  2. lola Reply

    жалосно е што постојат многу девојки кои сеуште паѓаат на тие излитени фраерски фрази….

  3. haha Reply

    Eli, sekoja cest. Redovno gi citam tvoite kolumni i vo potpolnost se soglasuvam so tebe. Bi rekla deka zalno e sto postojat devojki sto seuste pagjaat na vakvi mangupi, megjutoa uste po zalno e sto voopsto takvi mangupi postojat .Dzentlmenite za zal se vo izumiranje.

  4. xD Reply

    So sekoja devojka so koja se odnesvis dobro, ke te odjebat, ova ne e stereotip ili nase masko mislenje tuku e dokazano i mnogu maski go imet doziveano to na svoja koza. Ako se ponasas ko dzentlmen ke zavrsit so nekoj “mangup”, taka da ne e rezonski da se barat dzentlmeni, koga mnogu od devojkite ne gi zasluzuvaat(sekoja cest za isklucocite)

    • haha Reply

      drag xD
      ako ti si dzentlmen i se odnesuvas ubavo kon nekoja devojka, togas toa te opisuva tebe i toa deka ti si ljubezen i znaes kako da se odnesuvas, odnosno deka imas dobri osobini.
      A dali devojkata ke go ceni tvoeto odnesuvanje, togas toa ja opisuva nea, dali zasluzuva nekoj dzentlmen kako tebe ili pak ke odbere da zavrsi so nekoj koj ke i kazuva nekoi izliteni frazi, kako sto spomnavme pogore, zalno e sto postojat i takvi devojki

  5. zako Reply

    eli ubavo e toa sto ti si pametna devojka so ubavo ime ama takvite kako tebe se skro izumren vid za zal taka da….poveke bi se trudale da pronajdeme takva odkolku da se obideme da ja osvoime 😉

  6. zako Reply

    devojce se e toa ubavo ti sto go kaza,i milo mi e ako ti si takva kako sto pisuvash,ama takvite kako tebe se veke pred rabot na “istrebuvanje” taka da ke ni treba poveke vreme da najdeme ok devojka odkolku da ja osvoime…inaku imash prekrasno ime :)

  7. valkyre Reply

    takvi devojki ne postojat zosto ednostavno sakate maski so takvi maniri za da gi stavite u friendzone…

  8. anonimna devojka Reply

    Dzentlamenskoto odnesuvanje vredi.Momci veruvajte deka vredi i seuste ima devojki koi se vrtat po takvite.Polesnite devojki ke se zasramat od svoeto odnesuvanje koga ke bidat vo vase drustvo duri i ke ve izbegnuvaat bidejki ne ste na isto ramniste.Tocno e,deka za da se odnesuvate kako dzentlameni od drugata strana treba da stoi dama.Onaa grupa devojki na koi im faka klikerot ke se obidat da se smenat i da stanat normalni i zreli devojki.Mnogu e normalno koga ke se najdes vo drustvo na nekoj podobar od tebe da se preispititas,i devojkite so mozok ke se zaprasaat “Sto se slucuva so mene? Samite po sebe ke bidete kako antivirus.Bidete razlicni od tolpata zatoa sto nesakate da bidete kako niv.So sreka!

    **Dzentlamen ne znaci normalen i dosaden maz.

    Bidete dzentlameni i bidete svoi.

  9. Calamity Tina Reply

    Драги мои, момци и девојчици.

    Секогаш имало и вечно ќе егзистираат и вакви и такви типови на момци, и исто толку типови на цури.

    Не можеме да смениме ништо. Секој си има своја свест, и си живее според вредностите кои ги познава, според неговото воспитание, околина, околности итн.
    Не сакам и немам право да судам никого за изборите кои ги прави, за фраерите на кои се ложи и за девојките на кои им се пушта. Секој со своето. Или што би рекле англичаните – whatever rocks your boat. Еве, пошто Големиот Гетсби е пак актуелен со новиов римејк со Лео Ди, ќе се повикам на една реченица од тоа дело на големиот Фицџералд:„”Секогаш кога ќе сакаш да искритикуваш некој, само сети се дека сите луѓе во овој свет не ги имале предностите кои ти си ги имал.“
    Што знам, можеби со нивното искуство ја би била бетер. Не би знаела.

    Е сега, да се навратиме на ПРОБЛЕМОТ: Кога сите машки и сите женски би биле „за нигде“ или сите би биле „светци“, онда не би го правеле муабетов. Сите би си се читале меѓусебе, и би си се разбирале и све би било “love and happiness”.
    Ама не сме сите еден сој, и првиве ги презираат едниве, а, овие другиве, пак, не ги сваќаат првиве. И тоа све е ОК, едниве ќе си се одвојуваа од другиве, ќе си се сепарираа и ќе си живееа во одвоени светови без многу мешање – Џони Браво фраери ќе си имаа Париз Хилтон женски, а „светциве“ ќе си циркулираа во својот круг. Но ПРОБЛЕМОТ е што и цурите и дечките сакаат да се претстават нешто што не се. Фин момак мисли дека треба да се понаша како bad boy за да освои некоја, се понаша као што мисли дека треба, не како што му доаѓа, се води кон некои поинакви вредности од кои е научен, и изиграва некоја манга која не му е у природа. Она па, сака да биде сватена како фина и „длабока“ риба, али сепак троши тони време пред искачање да си ги истакне, поткрене, затегне (читај: уште светлечки стрелки да може ќе закачи за да ги потенцира) нејзините „женски делови“. Луѓе разговараат за книги со луѓе кои се облечени како библиотекари/ки ( helooooo, ВИСТИНСКА библиотекарка, не таква каква што вие машките си замислувате 😉 )
    И тука почнува нервозата. „Ја мислев он фин момак, а он уствари само се цепа и мафта со клучевите од кола“, овој па си вика: „Абе оваа види ја како изгледа, ****а ипол, шо мајка би барала со нормален дечко као мене, сеа треба да ја импресионирам и да се понашам како и сите оние ќељави батки кои возат такви бомби како она што е“.
    И ете ти магичен круг – она го презира, он ја смета за плитка, ( а уствари луѓето си се на иста бранова должина) и тоа све само затоа што се претставуваме како некој друг, како некој што мислиме дека ТРЕБА да изгледаме.
    Факт е дека има момци кои сакаат силиконски убавици, има момци кои сакаат природна убавина, цури кои се палат на грубијани, цури кои се палат на романтични момци. Затоа момци – ако сакате фино девојче за везден, онда не пробувајте да ја импресионирате со турирање на гуми на раскрсница. Или додека девојка изгледа како движечка Barbie, нека не се чуди што и се ставаат Ken – ови ( читај: билдери). СЛИЧНО СЕ РАДУВА НА СЛИЧНО. Затоа, понашај се во скалд со својата природа и ќе привлечеш некој со природа ко твојата, некој кој се препознава себе си во тебе.

    И како П.С. Сакани мои претставници од посилниот пол:
    Не мора да мафтате пред очи со својот turbo/mega/giga smart phone со процесор со 15 јадра, бетмобилот што иде на керозин. Ако рибата веќе се фура на такви ствари, она има ренгенски поглед како да е со потекло од Криптон, и знае се од одма. (Како и вие што можете да одредите големина на градникот на девојката и преку ролка) Вашето истакнување на материјалното само праќа сигнали дека тоа е единственото нешто што ви вреди.

Остави коментар