Љубовни клишеа

Секојдневно сме опкружени со клишеа. Дури уште од школските клупи, и не само љубовни. „Наставничке, може да си одам, ме боли стомак/ме боли глава/женски проблеми/ми умре мачката?!“ Љубовни пораки, писма, песни, слатки зборови. Како и колку тие влијаат на нас? Некогаш ги кажуваме без воопшто да размислиме за нивното значење. Тие се како кратки и лесни верзии за без мака да се искаже она што (не) се мисли. Моето прашање е, колку жените „паѓаат“ на клише постапки и фрази кога станува збор за љубовта?

Љубовни клишеа

Прво да ги анализираме клише постапките. Дечкото ѝ пишува пораки секоја вечер пред легнување и секое утро по станување. И така си докажуваат љубов. И што би значело тоа, ќе те сакам дури имам кредит или додека тато ми ја плаќа сметката? И најчесто тоа се веќе слушнати пораки, веќе видени фрази, сето тоа е само препишано или повторено од филм. Не секој е романтична душа, не секој знае да се изрази вистински романтично кога сака да искаже љубов, ама наместо да го цитираш Рајан Гослинг, смисли друг начин да ја покажеш љубовта.

Друга клише постапка која ми оди на нерви, купување подарок секој месец. Си славите „месечнина“? Подарокот треба да биде израз на љубов и милост, онака ти текнало, од срце ти дошло да купиш некоја ситница. Да биде вистинско изненадување, а не да се глуми изненаденост кога се знае дека на тој и тој датум во месецот ќе си „размените“ подароци.

И во никој случај да не ја заборавиме најклише постапката од сите – јавното запросување. Колку појавно толку подобро. Ја сакаш девојка ти и сакаш да ја запросиш, ама само таа слушнала, а не цела Македонија, така што не ти се важи. Е сега, од друга страна, има клише постапки кои се и тоа како слатки. Кога од нигде никаде ќе ти отвори врата од автомобил или ќе го задржи столчето за да седнеш, е таквите клишеа држат вода, барем според мене.

Клише изрази. Секој „експерт“ за љубов и за врски знае да ги цитира. Колку се вистинити?

Клише израз број 1: Далечината ја разгорува вистинската љубов. Ма немој. Како прво, далечината не ја разгорува љубовта, туку ја гасне. Каква и да е, љубовта бара географска блискост. Скајп, интеренет, пораки, телефон… ништо ако ја немаш личноста во близина. Кога ќе престанеш да добваш бакнежи за добра ноќ, готово е, преку интернет нема хемија.

Клише израз број 2: Љубовта ќе ја најдете кога најмалку ќе ја барате. Тоа е исто како некој да ви рече седи си и од небо пари ќе ти паднат. Ја паметите приказната со нашиот големец Колозов? Тој сакаше сам цар да се стори. Пиј си кафенце, азното само ќе си дојде. Да, ама во приказна. За да добиеш нешто во вистинскиот живот треба да го бараш, а не „да се правиш на Тошо“. Од небо паѓа дожд и снег, ама не љубов.

Клише израз број 3: Спротивностите се привлекуваат. Да, баш затоа животните се парат со животни од друг вид, и металци се во врска со фолкери итн. Секој си бара некој спроти себе. Колку и да не изгледа така навидум, луѓето кои се заедно, паровите, друштвата, ужасно многу си се прикладни едни на други. Она што привлекува е сличноста. Заедничкото хоби или делење исти интереси. Спротивностите се надополнуваат ако ги има до одредена граница.

И колку повеќе навлегувам во темава, сè повеќе страв ме фаќа. А што ако и она „те сакам“ станало клише? Станува здодевно ако постојано се кажува, не ти се верува ако доаѓа од уста која лесно се расфрла со медни зборови, ама не е клише ако истовремено и се докажува.

А ова моево, пиј си кафе, читај Кафе пауза, напиши некоја реченица од мерак, да не е клише ситуација? Со оглед на тоа што не се замислувам Кери од „Сексот и градот“, мислам дека не е. Сè што е ваше и ве исполнува максимално, да не ви е грижа дури и да изгледа по малку клише.

До следното читање,
Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. ta.b Reply

    Eli, zakon kako i sekogas!:) pozz

  2. Александар Reply

    Истата грешка како и “љубовните експерти” – генерализации.

  3. E. Reply

    Do nekade e tochno deka ljubovta kje ja najdesh koga najmalku ja barash, zato sho ako ne se zamarash za rabotive vo ovoj sluchaj za ljubov, davash prostor da dojt do tebe, a ako si opsednat so neshto celo vreme i se zamarash go sprechvish da dojt do tebe…ama normalno i deka nemojsh sve da ostajsh na vremevo ili na nekoj drug, morash sam da se potrudish za da go dobiesh :)

  4. Ivana Reply

    Imam vrska godina i pol i uste pred sekoe legnuvanje so decko mi si kazuvame dobra nokj na telefon,taka da toa ne e klise.Citiranje poznati romanticari.spored mene isto taka ne e klise.Denes maskite se poretko se trudat da osvojat devojka so citati i stihovi,taka da za mene citiranjeto na decko mi pretstavuvase laskanje,bidejki se potrudil i cital literatura kakva sto ne cital dotogas.Javnoto zaprosuvanje isto ne e klise.Toa znaci deka ne mu sram da ja iskaze svojata ljubov pred celiot svet,toa znaci deka ja saka tolku mnogu sto e spremen da organizira edno da kazam takvo golemo iznenaduvanje.Dodeka za sprotivnostite i dalecinata se e do karakterot na vljubenite i do ljubovta.Ima x primeri koi so godini se razdeleni maksimalno se trudat da funkcioniraat normalno.

  5. Bule Reply

    клише ти е текстов

  6. Пипи Reply

    И јас имам врска од година ипол, секоја вечер пред спиење си посакуваме добра ноќ со дечко ми..
    Од кај па ти се најде компетентна да ми мудруваш тука што е клише а што не, што е добро а што не?
    Брејјј, денес сите сакаат да бидат експерти, писатели, колумнисти.. Од македонскиве портали саде ука тече, со што ли да ја собирам не знам!

    Иди фати си дечко па ќе праиме муабет.

  7. meee Reply

    Jas ja imav taa sreka da mi se sluci 2to klise. ednostavno se pojavi na mesto kaj sto jas ni najmalku nesakav da bidam, a morav. :)

  8. Luna Tick Reply

    “Е сега, од друга страна, има клише постапки кои се и тоа како слатки. Кога од нигде никаде ќе ти отвори врата од автомобил или ќе го задржи столчето за да седнеш, е таквите клишеа држат вода, барем според мене.”

    Ова е знак на каваљер – џентлмен. Не мора да ти биде некој дечко за да ти отвори врата, придржи палто, запали цигара…whatever.

    Но, гестот на џентлменството загина со подемот на феминизмот, така да…

  9. Ann Adoulu Reply

    ne mozhe nikoj da bide ekspert za ljubov, za ljubovni klishea, vrski ova ona… sekoja ljubov e razlichna i se sluchuva samo ednsh. dalechinata mozhe da se izdrzhi i da ve napravi posigurni i da izgradite posigurna vrska so doverba.. iako mnogu pati e teshko preku internet samo da se odrzhi vrskata, za citiranjeto mislam deka voopshto ne e klishe, mislam toa bi znachelo deka dechkoto se potrudil okolu devojkata, javnoto zaprosuvanje spored mene e super-sega i toa zavisi od lichnostite koi se vo vrska neli.. i vo mojov sluchaj ljubovta sekogash ja naogjam kade i koga najmalku baram zatoa shto ne sum opsednata so toa ljubov ljubov ljubov nitu so toa da baram dechko i taka ni ne go izbiram mnogu pogreshniot. da sprotivnostite privlekuvaat.. toa e eden vid nadopolnuvanje na ednata individua so drugata i obratno. no ne vo sekoj sluchaj kako shto spomenavte metalci i folkeri.. karakterni sprotivnosti- dokolku im odgovara na dvajcata. taka da… sekoj so svoe mislenje, sekoj so svoe svakjanje, svoja potreba, svoja ljubov…

Остави коментар