Класот

Автор: Тамара

Во секој клас има барем по еден фудбалер кој е 24/7 на тренинг, тој инаку тренира во фудбалски клуб Вакв, ама нема врска, тој сепак е професионален фудбалер. Има една шмизла, која сите ја мразат и оговараат, само се фали: „Ова ми е од Тера нова, вчера се фарбав, две бели влакна ми израснале, а кондуриве ми се од City mall… Абе од Скопје!“ А таа уствари купува на Битпазар! Потоа, една на која сите ѝ викаат дека е убава и добра колку да бидат со неа, една која цело време хистерично се смее, една која само учи, учи и учи, да она понекогаш и чита, али углавном учи. А да, и заборавив да ви кажам, она учи!

Класот

Има и по некоја кошаркарка, која едвај чека да заврши 7-ми час за да оди на тренинг, како и еден феминизиран тип, пример сите си седат во училница и тој влетува и се дере: „Лелеее срце да ти кажам што ми се деси“, една која цело време ги озборува другите позади грб, еден кој е „западнат“ во технологијата, еден на кој сите му се единици и не му е гајле за тоа, еден кој е ко изгубен Германец, еве професор го прашува: „Ја прочита лектирата?“ – Па, професорке јас ја барав. – Добро, ја најде? – Па, професорке јас сакав да ја барам, а професорке која лектира?“

А да, тука е и манекенката, таа не знае да оди во патики, манекенка била! Има и некој што нонстоп бара бесплатни на Вип. Ги замара сите: „Ти бесплатни на Вип имаш ли? Леле бее, дајте ми само 2 минутки!“ Стави си де бесплатни на Вип, 80 денари е, не ги замарај луѓето. Има еден што малтретира и еден што е малтретиран.

А класот не би бил клас без умислената што прави фотосесии по школски вецеа. Отишла во веце и се слика. Позадина и се плави искршени плочки изналепени со паломи и прави некои испупчени пози. И после на Фејсбук кога ќе видиш ставила слика и опис на сликата е: „Можда нисам згодна, ал сам веома незгодна“.

Има и една што мисли дека е оперска пејачка е една Цеца. Тие по цел ден не пеат, тие се дерат! Има и такви што не се чешлаат по еден месец.

Исто така има и алкохоличари, главна тема на класен час им е како си поминале во петок и сабота во Клуб, не гледале прст пред око. И тој прави филм: како обезбеџење го мавало, како на полицаец на кондура му се исповраќал, како се качувал на хауби на авта, како кршел чаши, а не ги платил. А оно нема врска. Тој уствари цела вечер седел спроти Клуб на плоштад, зашто баш таа вечер му се погодило да бараат лична карта на врата, а он едвај 16 години има. А има и такви што излегле со 100 денари, а се вратиле дома ѓон пијани. Тие се фалат дека се вратиле сабајле во 4, а они уствари се пуштени до 1.30. И се жали сабајле у 7 саат, уште го болела глава, уште го „држел“ алкохолот од петок. Абе ајде! Четири дена те „држи“ тебе алкохолот?

Тука се и оние што на секои 45 минути трчаат во веце. Но, тоа не е сè. Да не ги заборавам и плавушите. Има и такви што сабајле во 7 саат се топ намачкани со аргета по лицето, а да, и плус маскара неизбришана цела недела.

Тука е и Дон Жуанот кој им се пушта на сите од 1-ва година или 2-ра евентуално. Тој со девојчињата само Фејсбук разменува, телефонски број никако! Зашто на Фејсбук кога ќе му здосади ќе ја блокира, вака ќе биде замаран, и плус ако девојчето има бесплатни на Вип, е тогаш е готов.

Има една што нонстоп се гребе за цигари. А има и такви што пример купуваат Родео и ќе ги видиш цигарите ги пикаат во пакла од Вест. А има и една што е нонстоп гладна и еден што јаде по 5 тоста на голем одмор. Има и по неколку патриоти. Тој роден ’97 година, а негов најголем идол е другарот Тито.

Има неколку заљубени. Влетува таа во училница и се дере пред табла: „Лелеее, ме погледна!“ И ја прашуваш: „Што ти е?“ И таа: „ПОГЛЕДНА МЕ!!!“ И се тресе цела. И после 15 минути кога ќе се смири ја прашуваш: „Добро што ти беше?“ И таа вели: „Ме погледна! Дечкото од трета година ме погледна!“ Абе остави тој е Дон Жуан, сите ги гледа! Има една што е зависник од Фејсбук, и со најновиот Самсунг Галакси ес3 си фаќа вифи. И во секој клас има барем по еден со Ер Макс авганистански патики. Има и такви што доцнат секој ден зашто таксито им закаснило 17 минути.

Има и такви што сакаат да го импресионираат професорот иако имаат 5-ка и го трошат времето за поправање единици. Седнала во прва клупа и му се пика на професорот: „Професоре, јас за петка едно есејче да напишам?“ Абе ајде доста. Целата графа ѝ е со петки, нема место за оценка, таа уште една бара! А некој дреме од позади 15 минути, чека една 2-ка да добие. Има и еден професионален препишувач. Има и еден што мисли дека е Бред Пит. Тој носи флуоресцентни Најк или Адидас или кондури на штикла и штрака по цело школо. Косата му е дигната нагоре и како петел се шета по цело школо, од 100 метри ќе го познаеш. Носи тесни фармерки, да пукнат на него, и кошула–виножито, што пошарена – тоа подобро. Има некои од нив носат и по 15 пирса на уво, да им донесеш и ланец од точак од отпад, и тоа ќе си го стават на уво.

Има и една што запишува бисери, една што чита „50 нијанси на сиво“ наместо „Чичко Горио“. Инаку „50 нијанси на сиво“ е еротски роман за жени. И таа се пикнала во ќош, и од време на време ќе се слушне: „Ах, лелее, Ахх!“ Добро, ШТО ПРАВИШ? Сигурна си дека читаш? Има и еден филозоф којшто оди од клупа на клупа и ги замара сите за квантна физика и за тоа кое видео било најгледано на Јутуб. И има еден манијак.

И во секој клас главна функција на претседателот е да ги одложува тестовите, а најглавно ветување на учениците е: за утре обавезно ќе научам, денеска мачката ми умре.

А да, и во секој клас има одредени „здруженија“ од девојчиња или машки. Кои од нив се собираат во училница, кои надвор, кои во ходник, и тие гледаат кој на кого повеќе муабети да спушти, кој кого повеќе ќе заглави. Страшно!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. meeeeee Reply

    Hahaha, ako e ova kolumna, togas jas sum avion.
    Izliteno i veke videno.

  2. Добронамерно Reply

    Баш штета што вака ”страшно” си го доживуваш сопствениот клас. “Во секој клас има барем по еден…” ветува пообјективно гледање на карактерите, кога веќе ги разработуваш поединично, критично и со предрасуди. Во секој случај, наместо да се фалиш со тоа што знаеш каков роман e Fifty shades of Grey, пробај прочитај квалитетна литература надвор од границите на средното училиште во кое ти владее ваква атмосфера.

  3. Дерпина Reply

    Да прашам, авторка Тамара да не е од Куманово?

  4. sssssssssss Reply

    да,од Куманово е

  5. Milena Reply

    a tebe nikoj mozebi ne te druzi i si taa osamenata shto ja nemash spomeneto ?.. hah klasichno za sekoj klas , mislam deka tuka nema nishto strashno , toprva ke rastete

  6. Елена Reply

    некој се потрудил и напишал нешто, нема потреба од толку негативни коментари. И во мојот клас ги имаше сите овие ликови, баш се потсетив на времето пред 10-15 години. И нема потреба да се споменува кој е авторот, ако сакала да се знае ќе си ставела и име и презиме и други генералии со кои би ја препознале поголем круг на луѓе.

Остави коментар