Како тоа мирисаш на колонска вода, а јас не сум бричен?

Автор: Бојан Бачан

Сѐ е лесно кога си мал. И да згрешиш ќе ти речат: да си жив и здрав – од маестро Игор Џамбазов. Ама ова беше лоша одлука како Есма на Евровизија. Мижеечки да гаѓаше ќе погодеше. Ако не во центарот макар во полето. А таа го утна целиот ѕид на кој беше пикадото.

Како тоа мирисаш на колонска вода, а јас не сум бричен?

ТАА одбра еден „може не сум згоден ама сум незгоден“ од оние што учеа во школите што завршуваат на УЦ. Он со училиштето имаше само една допирна точка. Тоа беше на раскрсницата на булеварот по кој се движеше неговата 57-ца. Е од таа точка тој го менуваше правецот на движење и секој ден успешно се разминуваше со учењето, училиштето и сите поими што почнуваа на У и завршуваа на УЦ. Го имаше меморирано бројот на школскиот психолог во именикот под: екстра досадна. Не сакаше да пие кафе со неа и да ѝ објаснува зошто му рекол на тој по географија дека не знае кај се наоѓа. Повеќе сакаше да пие розе во маалското меанче кај неговата омилена конобарка и да пишува утакмици со минимален 2 коефициент. А кога он ќе побараше „розе“, конобарката не ни помислуваше дека ја вика неа. И секогаш беше во право. Тип што сите го сакаат на ТВ ама никогаш кај нив дома. Едино го вадеше што имаше плави длабоки очи и беше смеѓ, а таа воопшто не беше плитка и беше црна.

ТАА учеше во ЈБТ и имаше просек 11 од можни 10. Беше редовна како неговата чаша вино. Секогаш во исто време. Макар и да го сретнеше Александар Македонски ќе му речеше: „Војсководецу имам час, хемија, многу е лоша, запишува и морам да одам“ без да го праша дали е Грк или наш. Сигурно знаеше дека е наш.

Беше поубава од него. Еден ден реши да ѝ избега на некој саат, на „Розе“, за да види дали е исто розето и на друго место. Така само се лажеше самиот. Сакаше да прошета. Да избега на кратко од киселиот вкус додека седи и чека да дојдат ќебапите кои ги нарача пред саат… Сврте по некои улици и го виде местото кое ќе го памти засекогаш. Местото каде што се спојуваат земјата и небото. Кафичот „Хоризонт“. Го дуваше ветрот во грб ко да сакаше да му каже: побрзај море кецарош!!! Ја виде додека тој влегуваше, а таа излегуваше. Не ја удри со рамо. Беше сељак, ама не до толку. Не ја праша ни колку е саат зашто се плашеше од можниот одговор: па чекај да видам… време е да продолжиш… Му се имаше случено неколку пати. Ја погледна и ѝ рече: Немам facebook, не ме барај. Мислеше дека ја збуни и слушна: Немам ни јас. Значи ова ти е времето да покажеш што можеш. Му направи контра напад. Го збуни како кога ќе му побараш 1 денар кусур на локалниот трафикант. Беше ко вулкан.

Рече: Така значи? Кога и каде? Ајде да видиме.

Таа: Ми личиш на hit and run фраер? Од нив остана само run. Ама еве, штом уште стоиш значи не си од тие.

Тој: 7 и 45, Holliday in. Чекам до 7 и 46.

Таа се насмеа и си отиде. Си помисли сладок е ама нема шанси. Забава. А тој па мораше да го краде југото пак. Ама за ваква фолирантка, си рече, ќе го наместам стариот да гледа додека го крадам. А мама, може и да снима ако сака.

Точен беше. Ја качи во неговото југо, ферарито на татко му, и ја однесе на вино. Не знаеше дека повеќе сака кафе. Знаеше што сака он самиот. Среќа. Мислеше дека ќе ја ќари со брзо возење. Уствари поентата не беше таму. Она се заљуби коа на црвено му кажа дека му свети сијаличката за плин, а он онака у негов клупарски стил ѝ рече: не ти е добро затворена вратата, лупни ја пак. Тогаш се смееше точно саат и 10 минути додека да му изгаси колата. Тогаш се смееше повеќе.

Намерно се флекаше за да му каже: не се јаде со полна уста, херој улице. Ама види го ти разбијачот, јак е! Направи да научи која четка за трепки за која е и како се става. Прирачник: мајка ѝ. Секогаш тука за неа. Иако за нејзините дома тој беше неприфатлив. За нејзините дома он беше Scarface, а за неа Robin Hood. Ама кој можеше против нив? Таа го сакаше таков каков што е. Со исфлекана маица од ќечап од евтина сендвичара. А тој ја сакаше зашто… не знаеше зошто ама многу ја сакаше. Врската им беше како популарната временска прогноза на Радио Скопје. Дур да кажат дека ќе врне искочило сонце и обратно. Иста. Од -10 до +11.

Сакаа да живеат заедно. Неговата исфлекана маица навечер да преспие на некој паркет од нејзината Mango-маичка. Така сакаше. Најдоа стан со доволен број соби. За кога ќе се скараат да имаат каде да одат. Логично, нели? Таа веќе беше повозрасна, со 2 завршени факултети, титула за издржливост и неколку модрици на грбот покриени со пудра (ама не како оние од Balkanika TV). Си рече: Па кој знае дека се модрици? Ќе мислат дека е трага од ружотСо многу повеќе гласови „против“ него „за“ од општеството, почнаа да одат несигурно. Не беше тоа веќе младалачка љубов. Ова веќе стана жестоко. Но, со оглед на тоа дека мајка ѝ се викаше Надежда, таа именка беше постојано во нејзината глава ама малку во поинаква форма. НАДЕЖ.

Стана комплицирано. Старата навика во ново руво. Пиеше. Сè повеќе и повеќе. Не јадеше. Пиеше. Нејзината глава се разбиструваше. И проработе долго заборавениот саат. Не требаше примена на Питагорова теорема за да сфати дека 1+0=1.

Една ноќ:

Тој: Како тоа мирисаш на after shave, а јас не сум бричен?

Таа: Можеби е од списанието Avon кај што се тријат точките со мирис и останало на мене – рече и ѝ се стресе камчето Preciossa што го имаше на ланчето…

Нема таква опција, нели?!

Таа: И престани да пиеш, ти се познаваат вените на главата… – не докажа. Тој ја урди. И ѝ се стресоа обетките од охридската чаршија. Се затвори во соба и слушна само кршење на стакло, а тишината слушна пад на солза на подот…

Рано изутрина кога стана лупусарот, виде два пикавци со кармин, пола чаша вода со хлор и ливче.

Таа: Не сакав ова да се случи ама мачката не паѓа на грб. Земи си ја колата и ноќта. Другото е мое. Оди со лифт, уште си пијан и не го пуштај кучето надвор, знае сѐ, ќе останеш сам цел живот.

А додека тој го читаше ова, првенецот на 86/87 како Sharon Stone излегуваше од таксито внимателно… „лева па десна“. Пред да влезе во неговиот живот отиде да си купи Орбит од лубеница. Додека ги отвори мастиките беше готово со нив. Сладок вкус на осамен живот, а и Надежд(т)а беше во право.

„Uvek sam zeleo da je neko drugo vreme, ja da budem Romeо a ti Juliet…“ – Херој улице, Прљаво казалиште



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. лиле Reply

    Во период на депресија и меланхолија само Едгар Алан По успеа да написе bestseller. Оваа статија е трагикомична , а обидот да се биде уникатен и креативен само ја подгрева горчината што го облева писателот додека го заработува својот леб.

  2. Bojan Reply

    Blagodaram. Obidot za degradacija e primen kako pofalba.A..da..I ti ja pogodie slikickata :)

  3. Ленте Reply

    Лиле, па ти си класичен пример зошто треба да се користи презерватив!

  4. Оф Reply

    ДНО НЕВИДЕНО СТЕ!

  5. marija Reply

    draga Lile, prostotilukot ti e vo sekoj slucaj pogolem od posetenosta na ovaa kolumna, zatoa “ovoj uspeh e tvoj”.

Остави коментар