„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна

„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна

Изгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ок, тогаш зошто се трудиш да бидеш убава? Зошто се дотеруваш? Зошто правиш фризура, зошто ставаш шминка?

Изгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ама ако си згодна плавуша и те застане полиција, доволно ќе ти биде „Се извинувам нема да се повтори“. Ако си ќелав 50-годишник со пивско меше ќе си платиш казна.

Изгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Тогаш зошто Пепелашка не си појде на балот облечена во парталави алишта?

„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна

Оценувањето на луѓето според тоа како изгледаат е плитко, навистина. Ама изгледот е важен.

Мислите дека не е така?

Во ред. Ако видите девојка која на работно место е дојдена со минич кој „со напор“ ѝ го покрива само задникот, со длабоко деколте и евтина шминка придружена со вртоглаво високи потпетици, ќе си речете таа е способна и паметна само не ѝ се погодил денот? Не, нема да мислите така.

Ако во дискотека ти пријде тип облечен како од 90-тите години на минатиот век, ќе го откачиш. Ако на интервју за работа некој се појави по тренерки нема некои големи шанси. Ако си заболекар а имаш расипани заби или си фризерка а имаш катастрофална фризура, твоите клиенти ќе имаат доверба во твојата способност? Ако си шеф и се појавуваш на работа по маички со тинејџерски натписи и логоа, мислиш дека уживаш авторитет кај твоите вработени? Ако кажеш дека работиш како манекенка, никој нема да верува дека си паметна.

Зошто упорно тврдиме дека изгледот не е важен, дека важно е она што доаѓа од внатре кога всушност не веруваме во тоа? Дали сме големи хипокрити поради тоа? И дали воопшто мора сè да биде така црно-бело, нема ли средина? Да речеме дека е важно она што го носиш во себе, ама дека изгледот е она што го претставува тоа што си ти, тоа е прва и основна слика за тебе.

Да речеме, на пример, дека продаваш прекрасни и вкусни тортички, но си ги завиткал во многу глупава амбалажа. Што фајде од добриот вкус? Не, не кажувајте глупости дека изгледот не е важен во вакво време. Милиони се трошат на маркетинг кампањи кои треба да го презентираат најдоброто, кои треба сè да спакуваат во „украсна кутија“, да те хипнотизира, да те привлече.

Некогаш скапите фустани се „шминка“ за евтината душа, и во денешно време релативно лесно е да „му замачкаш“ очи некому. Набилданиот батка не мора да значи дека е силен, нашминканата женска не мора да значи дека е убава.

Ама тоа е. И книгата ја одбираме според кориците.

Ели

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Мина Reply

    Се е точно и се сложувам комплетно, само не со последната реченица.

Остави коментар