До некои подобри времиња…

Автор: Високо Ц

Почитувани мои,

денес ви пишувам веројатно за последен пат. Моите букви во етерот ќе направат пауза тука, иако сакаа да стигнат до Плутон. Ги попречува судир на галаксии, ги попречуваат метеори и црни дупки. И знам дека ви зборував дека никогаш не треба да се откажувате и храбро да одите каде никој не отишол, некогаш наидувате на непробоен ѕид. Треба да знаете кога да престанете.До некои подобри времиња...Од моментот кога ќе се родиме, до денот кога треба да го напуштиме овој свет, се сретнуваме и се запознаваме со стотици, илјадници луѓе, карактери, желби. Нашите животи се испреплетуваат, се судираат, се разидуваат. Оставаме трага едни на други, оставаме печати, се менуваме, ги менуваме другите.

Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.

Некој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.

Понекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.

Ако нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.

Отвораме една врата, но мораме да затвориме друга.

Мојот совет до вас:

  • Бидете свои.
  • Бидете упорни.
  • Бидете среќни.

Немојте да дозволите некој друг да ја пишува вашата приказна. Создадете сопствена.

Вирџинија Вулф кажала:
.

„Само наредете ги парчињата кои ќе дојдат во вашиот живот.“

Животот е голема сложувалка составена од парчиња со различна големина, боја и значење.

Ви благодарам што ми дозволивте да бидам едно мало парче од мозаикот на вашиот живот.

Знам дека вие сте дел од мојот.

До некои подобри времиња..

Со љубов,

Високо Ц

До некои подобри времиња…

Почитувани мои,

денес ви пишувам веројатно за последен пат. Моите букви во етерот ќе направат пауза тука, иако сакаа да стигнат до Плутон. Ги попречува судир на галаксии, ги попречуваат метеори и црни дупки. И знам дека ви зборував дека никогаш не треба да се откажувате и храбро да одите каде никој не отишол, некогаш наидувате на непробоен ѕид. Треба да знаете кога да престанете.

Од моментот кога ќе се родиме, до денот кога треба да го напуштиме овој свет, се сретнуваме и се запознаваме со стотици, илјадници луѓе, карактери, желби. Нашите животи се испреплетуваат, се судираат, се разидуваат. Оставаме трага едни на други, оставаме печати, се менуваме, ги менуваме другите.

Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.

Некој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.

Понекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.

Ако нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.

Отвораме една врата, но мораме да затвориме друга.

Мојот совет до вас:

Бидете свои.

Бидете упорни.

Бидете среќни.

Немојте да дозволите некој друг да ја пишува вашата приказна. Создадете сопствена.

Вирџинија Вулф кажала: „Само наредете ги парчињата кои ќе дојдат во вашиот живот“.

Животот е голема сложувалка составена од парчиња со различна големина, боја и значење.

Ви благодарам што ми дозволивте да бидам едно мало парче од мозаикот на вашиот живот.

Знам дека вие сте дел од мојот.

До некои подобри времиња,

Со љубов

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Marija Peica Reply

    I will miss u
    :)

  2. Дијана Reply

    edna od podobrite kolumnistki na nashite prostori…. jas bi te zamolila da se vratish shto poskoro…. ili pak voopshto da ne ne napushtash ?! vo sekoe negativno ima neshto pozitivno,….. obidi se da go najdesh i pokraj meteorite, sepak ne e se crna dupka, neli :)))))) poradi tvoite kolumni pochnav da ja chitam kafepauza…. mislam deka ja proslavi, iskrena sum :)) te ochekuvam naskoro, mnogu pozdravi i gushki visoko C….. do slednoto chitanje :))

  3. Мартина Reply

    Дефинитивно многу ќе ми недостасуваш, постојано ја чекав следната колумна, :/ може би ќе ги пронајдам повторно твоите зборови на некое друго место, во друго време…
    биди поздравена до тогаш 😉

  4. Владимир Reply

    Единствената причина поради која ја читав Кафе пауза … Прв пат кај македонски портал да забележам нешто уникатно и напишано од срце, колумна во која авторот се вложува себеси, а не обичен превод од збор до збор…. Штета, навистина штета.
    Се надевам дека имаш навистина добра причина што престануваш да пишуваш …

    Поздрав и секое добро

  5. Lidija Reply

    Да се надоврзам на другите мои истомисленици колумната е супер,постојано го чекав секој нов текст,ова е единствената колумна што успеа да го задржи моето внимани…….а сега е крај?!
    поздрав Бисоко Ц
    Ти благодарам што беше парче од мозаикот на мојот животот
    кратко но слатко

Остави коментар