Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

Што кога човек ќе ја изгуби волјата да продолжи понатаму?
Наша оцена: 8/10
Ваша оцена: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 9,91 од 10)
Loading...

vikend-kniga-proshetka-po-oblacite-eva-mari-everson-kafepauza.mk

Овој викенд нашиот предлог за вас е оваа прекрасна и возбудлива прошетка по облаците, инспирирана од вистинска приказна. Станува збор за еден прекрасен, возбудлив живот каде цути љубовта, кој одеднаш се претвора во кошмар. Колку брзо можат да се разрушат сите наши идеали? Само за секунда, со еден куршум длабоко во ноќта и една жена која не знае што со себе после тоа…


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачката куќа Сакам книги


Саманта Крофорд има сè – прекрасен сопруг кој безрезервно ѝ дарува љубов, и успех во кариерата како писателка на детски книги. Таа е личноста која им го разубавува животот на децата и им го прави поинтересен. Таа е личноста која ги учи децата дека Бог има план за секого, дека се грижи дури и за малите обични врапчиња. Но, таа е личноста која ќе престане да верува во сето она што самата го пишувала до пред некое време, доведувајќи се себеси на раб на очај.

Нејзиниот сопруг Били е повикан на работа доцна во ноќта во едно опасно гето познато како Комонс и никогаш не се враќа дома. Саманта е приморана да се носи со смртта на нејзиниот сопруг и од петни жили да проба да се справи со ужасната осаменост, со спомените кои болно навираат, но и со фактот дека убиецот на нејзиниот сопруг веројатно никогаш и нема да биде пронајден и изнесен пред лицето на правдата.

Сакајќи и самата да си го одземе животот, судбината ја враќа назад во Комонс, на годишнината на смртта на Били, за магично да ја донесе во животот на децата од гетото. Така, животот ја спојува и со нејзиниот стар пријател од детството, Џо, кој се грижи за децата од Комонс. Џо никогаш го немал својот татко крај себе, па така одлучил да им биде татко и да ги изведе на прав пат децата од гетото. Сето ова за брзо се претвора во една волшебна приказна која ќе ѝ ја врати желбата за живот на оваа осамена жена…

Според оваа книга е снимен филмот „Unconditional“, и како што и секогаш ве советуваме, пред да го гледате прво прочитајте ја книгата. Се разбира дека ќе сакате да го погледнете бидејќи прекрасниот Мајкл Ерли е во улогата на Џо, но еднакво прекрасно уживање нуди и самата книга, која на моменти ќе ве насмее, а на моменти ќе ви ги наполни очите со солзи. Особено ќе се пронајдат жените кои изгубиле нешто големо во животот, а може дури и да им биде утеха. Прекрасна и навистина инспиративна приказна за љубовта, пријателството и новата шанса која секој ја има во животот. Книга која ќе ве научи дека сè се случува со причина, дури и тогаш кога две деца ненадејно ќе ви упаднат во животот за да ве однесат до нешто што ќе ве промени засекогаш.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 5 јули 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Сара Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Сара Фејзулаи

    • Сузана Ѓорѓиевска Reply

      СакамКнигаОдСакамКниги

  2. Angelina Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Ангелина Лозаноска

Напиши одговор на Сузана Ѓорѓиевска Откажи одговор