Викенд книга: „Продадена“ - Патриша МекКормик

Викенд книга: „Продадена“ – Патриша МекКормик

Секоја година, речиси 12.000 девојчиња од Непал се продаваат од страна на нивните семејства, намерно или од незнаење и се фрлаат во светот на сексуалното ропство.
Наша оценка: 10/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,70 од 10)
Loading...

(1) Викенд книга: „Продадена“ - Патриша МекКормик

Се проценува дека во кое било време има околу 2,5 милиони жртви на трговија со бело робје, дека секоја година се продаваат околу 1,2 милиони деца, поголемиот дел од нив во рамки на границите на нивната земја отколку надвор од неа и дека секоја година се продаваат од 600.000 до 800.000 луѓе преку интернационални граници. Секоја година, речиси 12.000 девојчиња од Непал се продаваат од страна на нивните семејства, намерно или од незнаење и се фрлаат во светот на сексуалното ропство.

„Продадена“ е базирана врз истражувачката сторија на писателката Патриша МекКормик која патувала во Индија и во Непал со цел да ја раскаже приказната за Лакшими на најавтентичен можен начин. Лакшими е измислен лик, но базиран на животите на безброј жени коишто секојдневно го преживуваат пеколот на борделите во Индија.


Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги


Непал е една од најсиромашните земји во светот, а голем дел од нејзиното население живее во мали селца под Хималаите кои се често изложени на сурови климатски услови. Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое живее во трошна колиба во едно такво малечко селце, заедно со нејзината грижлива мајка и бескорисен очув. И покрај ужасните услови, Лакшими со неверојатна топлина и љубов раскажува за она мало парче земја кое го поседуваат и обработуваат, за краставиците кои сама ги одгледува, за козата Гита која секаде се влече по неа и за мајка ѝ, жената со свиен грб и огромно срце. Секојдневните грижи на Лакшими се однесуваат на неколку важни работи: дали ќе има доволно јадење и вода во сушниот период, дали ќе заврне дожд за да не гладуваат и дали, кога ќе заврне, сламениот кров на колибата ќе издржи и ќе има каде да спијат. Истовремено, мора да се справува со коментарите на нејзиниот очув – коцкар, кој во секој момент би ја заменил за син – „девојката е како коза, добра е сè додека ти дава млеко и путер, но не вреди да плачеш за неа кога ќе дојде време да направиш чорба од неа“ – што пак во една реченица ја доловува позицијата на жената во нивното општество и начинот на кој е третирана.

Лакшими раскажува дека во планините, жените го сметаат времето по работата и несреќите. Во ладните месеци, жените се качуваат високо во планината за да собираат дрва за оган. Ова е времето кога жените ги закопуваат своите деца кои умираат од треска. Во сувите месеци, жените собираат полни кошници со животински измет, од нив прават топки кои ги оставаат да се сушат на сонцето за да станат материјал за палење оган. Жените врзуваат партали врз очите на децата за да ги заштитат од прашината која ветерот ја крева од празното корито на реката. Ова е времето кога жените ги закопуваат децата кои умираат од кашлица.

Кога имаат бескорисен маж, жените мора да ги пратат своите деца на печалба во градот. Поголемиот дел од нив се слугинки во побогати семејство, но „печалбата“ многу често всушност значи работа во борделите во Индија. Очувот, без знаење на мајка ѝ, ја продава Лакшими за 800 рупии и ја праќа во Калкута.

Авторката го поминала патот на Лакшими од селцето па до големиот град, притоа направила бројни интервјуа со жени кои ја делеле истата трагична судбина, и сето тоа е пренесено со гласот на тринаесетгодишно девојче со сета невиност и наивност, што само нејзината несвесност за ситуацијата до последниот фатален момент е повеќе од болна. Борбата на Лакшими за слобода, животот во борделот и судбините на сите жени во него е застрашувачка слика за реалната состојба на милиони луѓе во светот, секој ден. Ништо не ме згрози и растажи, дури ни најболните моменти на злоупотреба, како рамнодушноста и злобата на луѓето во чии раце се животите на овие жени и деца.

Додека ја читав книгата, од првата до последната страница ме следеше сочувство, тага, бес и тотална беспомошност и бескорисност. Но, кога ја завршив, сè што можев да почувствувам беше неверојатна благодарност.

После една недела откако ја прочитав книгата, сè уште опседната со Лакшими, повторно читав и слушав за Непал, но овој пат за трагедија од поголеми размери. Јас сум привилегирана во овој свет. И вие сте привилегирани. Кога сите ние би биле повеќе корисни, наместо само благодарни, можеби ова би бил многу подобар свет.

Се надевам дека ќе ја добијат потребната помош и дека од урнатините ќе изградат подобар свет. Истовремено, се надевам дека секоја Лакшими во светов ќе ја добие правдината и шансата за нормален живот.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 17 мај 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Sanja Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Sanja Mladenovska

  2. Angela Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Angela Angelova

  3. Мартина Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  4. Stojanka Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  5. Елена Жупан Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  6. Kristina Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Кристина Талевска

  7. Сара Петреска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Сара Петреска

  8. Ангела Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ангела Ванчевска

  9. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  10. Cvetanka Milevska Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Цветанка Милевска

  11. Ивана Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ivana Marinova

  12. Диана Милошевска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  13. Сребрена Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Сребрена Гоцева

  14. Аckata Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Александар Николовски

  15. Надица Божиноска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  16. Гордана Божиноска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  17. Снежана Мишева Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  18. Бојан Ангеловски Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  19. Nikola Milenkovikj Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  20. Даниела Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Даниела Јованова

  21. Ивана Тодоровска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ивана Тодоровска

  22. Ивана Тодоровска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  23. Ana Nakova Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Ana Nakova

Напиши одговор на Sanja Откажи одговор