Викенд книга: „Можеби некогаш“ – Колин Хувер

Викенд книга: „Можеби некогаш“ – Колин Хувер

Одлична приказна за пријателството, љубовта, неверството, предавството и музиката…
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (23 гласа, просек: 9,30 од 10)
Loading...

Викенд книга: „Можеби некогаш“ – Колин Хувер

Овој викенд нашата понуда за вас е една одлична романтична комедија која ќе ве тера да плачете и да се смеете наизменично. Станува збор за книга која ќе ја дочитате истиот ден кога ќе ја почнете без речиси воопшто да правите паузи во меѓувреме. Приказната е одлично слеана во форма на раскажување на два наратори, во вид на епистоларен роман бидејќи самите разговори меѓу протагонистите се напишани како СМС и електронски пораки. Како претставник на модерното време во литературата, оваа книга нуди дополнително уживање за читателот, а тоа се QR кодовите кои ве носат до песните направени за книгата, но ајде со ред, прво да ви ја претставиме содржината.


Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги


Синди е млада, 22-годишна девојка која има сè што ѝ треба – убав дечко во кого е вљубена до уши, добра другарка, пристојна работа, успех на факултет и многу надеж за нејзината иднина. Сето ова еден ден ќе се сруши кога ќе дознае за тајната афера меѓу нејзиниот дечко Хантер и нејзината цимерка, воедно и најдобра другарка, Тори. Така идиличното розово меуре во кое Синди дотогаш живеела, одеднаш пука, за таа на денот на нејзиниот роденден да остане на улица со скршено срце.

Синди веќе некое време е целосно навлечена од страна на нејзиниот сосед, згодното и мистериозно момче од спротивниот балкон, кој одлично свири на гитара. Има нешто во начинот на кој Риџ свири, тоа не е само обична музика, па така Сидни си дозволува целосно да биде обземена од неговата музика, до толку што почнува да смислува текстови. Но, има нешто и кај Синди што го тера Риџ да ја забележи, нешто што Риџ не може да го занемари, по сè изгледа тој ја најде својата муза, својата инспирација во Синди.

По кршењето на нејзиното срце, Риџ на Синди ѝ нуди покрив над глава, но и многу повеќе од тоа – сигурност и можност со својот талент да направи нешто големо. Бидејќи Риџ не може да слуша, Синди е таа која ќе му помогне да ја почувствува музиката толку вистински, како никогаш дотогаш. Така и двајцата си се потребни еден на друг на повеќе начини.

Но, иако навидум едноставно, Риџ е поделен меѓу својата девојка Меги, и новата мистериозно убава и талентирана девојка која ненајавено се појави во неговиот живот. Ние како читатели, би навивале за нашата хероина, но невозможно е да не ја сакате Меги бидејќи е навистина откачена и добра девојка со големо срце…

Ќе успее ли Синди да си го излечи скршеното срце и да продолжи понатаму? Ќе може ли Риџ да го победи минатото и да се ослободи од стегите кои го држеле цело ова време? Ќе можат ли и двајцата да создадат нешто толку моќно преку музиката, нешто што ќе им ги промени животите? Во која насока ќе се движи нивното пријателство?

Одлична книга со добро изградени ликови. Совршена за помладите и романтичните души. Целосно ќе се понесете и ќе станете дел од приказната. За уживањето да биде целосно, низ целата книга, има QR кодови соодветно распоредени, па со нивно скенирање ќе може да ги чуете песните кои Риџ и Синди ги пишуваат.

Напишан во делумно епистоларна форма, овој роман одлично ја исткајува приказната за Риџ и Синди, за љубовта, пријателството, лојалноста, неверството, за повторниот почеток и моќта на музиката. Иако навидум со лесна содржина, самиот роман ве става во емоционални лавиринти што ве тераат да размислувате како би постапиле да сте на местото на ликовите. Топло ја препорачуваме за топлите пролетни и летни ноќи кои ни претстојат и кога ќе ви треба нешто лесно кое ќе ве ослободи, но и ќе ве поттикне да се вљубите.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 3 мај 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Katrina Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  2. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

Остави коментар