Предлози за читање: Книги кои го одземаат здивот

Предлози за читање: Книги кои го одземаат здивот

Автор: Ана Петровиќ

Книгите оставаат силен впечаток врз нас, но ретко која книга ја поседува онаа моќ да нè расплаче. Емотивните приказни се нешто што секогаш знае да нè разнежни и да нè доведе во состојба да пуштиме по некоја солза додека читаме. Доколку сте нежна и романтична душа и трагате по приказни кои ќе ви го допрат срцето, овие книги се вистинскиот избор за вас.

Предлози за читање: Книги кои го одземаат здивот

1. „Крадачка на книги“ – Маркус Зусак

„Крадачка на книги“ е дело на австралискиот писател Маркус Зусак, коешто говори за животот на млада девојка од Германија за време на холокаустот. Со самиот факт дека дејството се одвива во време кога насекаде владее смртта, авторската идеја лежи во пренесувањето на таквата емоција кон читателите. Секоја реченица е испреплетена со бурни чувства, чесни пријателства, сиромаштија, хуманост.

Ова дело е трн во око дури и за оние кои никогаш не заплакале читајќи книжевно дело. Наша топла препорака…

Предлози за читање: Книги кои го одземаат здивот

2. „Година на магичното размислување“ – Џоан Дидион

Доколку барате емотивна книга која ќе ви го стопли срцето, тогаш вистинскиот избор ќе го направите доколку ја прочитате „Година на магичното размислување“ од Џоан Дидион.

Ова е интимна исповед на една американска писателка за сè што таа преживеала по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Соочена со големата загуба, почнува да пишува дневник каде што ги бележи своите подеми и падови и соочувањето со неминовниот крај. Кога еден живот згаснува, како другиот продолжува да живее?

3-predlozi-za-chitanje-knigi-koi-go-odzemaat-zdivot-kafepauza.mk

3. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ – Џонатан Сафран

Се работи за оригинална исповед на Џонатан Сафран. Оваа инвентивна приказна зборува за 9-годишното дете, кое две години по смртта на неговиот татко, пронаоѓа мистериозен клуч во сина вазна. Пронаоѓањето на клучот го поттикнува малиот Оскар да тргне во мисија, низ која го води љубопитноста, остроумноста и бујната фантазија.

4-predlozi-za-chitanje-knigi-koi-go-odzemaat-zdivot-kafepauza.mk

4. „Патот на светулките“ – Кристин Хана

Ова четиво одлично го опишува животот во време на седумдесеттите, преку животните приказни на две девојки. Навидум спротивни, а всушност две тела, една душа: Кејт, која е осудена да живее семеен живот и Тали, заробена во светот на гламурот и мистеријата. Сепак, она што нив ги спојува е силното пријателство и неуништливата врска.

5-predlozi-za-chitanje-knigi-koi-go-odzemaat-zdivot-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар