Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Доколку планирате да патувате, или пак, едноставно копнеете по мала авантура што ќе ве извлече малку од секојдневието, тогаш ви ги препорачуваме следниве 7 книги во кои без сомнение ќе се изгубите. Уживајте во патот!

Дивина (Wild) – Шерил Стрејд

(1) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Ако сè уште не сте имале можност да го прочитате неверојатниот мемоар за авантурата на Шерил Стрејд напишана по тежок период од нејзиниот живот, тогаш веднаш посетете ја најблиската книжара и побарајте ја оваа книга. Таа ќе ви го скрши срцето, но истовремено и ќе ве инспирира.

На пат (On the Road) – Џек Керуак

(2) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Можеби оваа книга е постара, но тоа не ја прави помалку вредна. Баш напротив, нема да најдете подобар роман за патување што ќе ве натера во истиот момент да се спакувате и заедно со вашиот најблизок пријател да тргнете во сопствена авантура.

Турчинот што сакаше јаболка (The Turk Who Loved Apples) – Мет Грос

(3) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Човекот зад добро позната колумна за патување на Њујорк Тајмс споделува дел од своите најнезаборавни приказни што ги доживеал додека патувал. Не е сè уживање и убавина, битките се вистински дури и за време на патувањето, но сепак книгата е неверојатно забавна за читање.

Пораки од мал остров (Notes From a Small Island) – Бил Брајсон

(4) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Едноставно не можете да згрешите со ниту една од книгите за патувања на Бил Брајсон – тој навистина е експерт за овој жанр. Но, ако веќе треба да одбереме една, тогаш ви ја препорачуваме оваа кратка авантура во Велика Британија, каде што тој се преселил во 1973.

Плажа (The Beach) – Алекс Гарланд

(5) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Совет за сите: Ако патувате во Тајланд, не дозволувајте да бидете вовлечени во интернационална организација за дрога. Можеби се сеќавате на филмската адаптација од оваа книга, но приказната е исто толку добра и без Леонардо Дикаприо во главната улога.

Сонцето повторно изгрева (The Sun Also Rises) – Ернест Хемингвеј

(6) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Ех, да се биде во Шпанија во 20-тите години со Хемингвеј и неговото друштво кое ужива во многу алкохол… Но, почекајте додека тие тргнат кон трката на бикови, каде што нештата вистински ќе се разгорат. Дури и вие ќе се почувствувате мамурно кога ќе завршите со читање.

Географија на спокој (The Geography of Bliss) – Ерик Вајнер

(7) Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

На поголемиот дел од нас навистина ни треба дополнителна доза среќа, особено околу празниците. Па, доколку сакате да го добиете тоа, тогаш влезете во неверојатниот свет на Вајнер кој патува во потрага по среќата…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар