Книга: „Вештицата од Портобело“ – Пауло Коелјо

Книга: „Вештицата од Портобело“ – Пауло Коелјо

„Кој еднаш ќе се напие од изворот на Љубовта веќе не ќе може да ја згасне својата жед на други извори.“

Книга: „Вештицата од Портобело“ – Пауло КоелјоКоелјо, со својот специфичен начин на раскажување, или го сакате или сметате дека сосема одлепил и не знае што пишува. Кога ќе земете да читате некое негово дело, одберете го вистинското време и со сосем смирени и чисти мисли пристапете им на исткаените зборови од неговата рака.

„Вештицата од Портобело“ би можеле да се обидете да ја класифицирате во многу жанрови, но никогаш нема да бидете цврсто убедени каде припаѓа. Би можеле да речеме дека е роман кој ја воспева љубовта, но во никој случај не е љубовен роман со клише изрази од типот ме сака, не ме сака.




Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Атена е девојка со циганско потекло, посвоена од страна на една Либанка и деловен човек од Бејрут. По избувнувањето на војната се преселува во Лондон каде студира. Но за кратко време се отпишува од факултет сакајќи да стане мајка и сопруга. Токму тоа и се случува, но нејзиниот брак набргу се растура.

Нема да помине долго пред Атена да започне да си го бара своето место под сонцето, трагајќи по смислата на животот и откривајќи ги своите природни моќи и дарби. Откако со солзи во очите ја напушта црквата бидејќи свештеникот одбива да ја причести поради тоа што е разведена жена, таа станува сè позаинтересирана за нејзиното духовно пронаоѓање.

Бидејќи и самата е благословена да биде мајка и да го чувствува мајчинскиот инстинкт, Атена набрзо тргнува на пат за да ја пронајде својата биолошка мајка и да разбере зошто била напуштена и оставена уште како бебе.

Сепак, ние можеме да го испланираме нашиот пат, но не значи дека ќе одиме по планот. Ова патување ќе ја одведе Атена до сосем поинакви станици и откритија, од корен изменувајќи го нејзиниот живот. Што е среќата? Љубов, мир, пари? Колку сме среќни? Колку сме исполнети ако непрестајно трагаме за повеќе, за погоре, за нешто помоќно, повозвишено?

„Сè што нè опкружува е Универзалната желба. Не е среќата, тоа е желбата. И желбите секогаш се нецелосни: кога ќе се остварат престануваат да бидат желби, нели?“

Книга: „Вештицата од Портобело“ – Пауло Коелјо

Нема сомнеж дека книгава ќе ве натера да размислувате длабоко, и тоа на толку многу теми. Коелјо допира до сржта на секојдневните проблеми и сомнежи на модерниот човек, како и предрасудите и стереотипите што ги имаме за другите, поткрепени од нашата желба за критика и осудување.

„Сенката е нашата темна страна, која ни кажува како треба да реагираме и да се однесуваме. Кога ќе се обидеме да се ослободиме од Личноста, палиме едно светло внатре во себе, и ги гледаме пајажините, кукавичлукот, бедотијата. Сенката е таму за да го спречи нашето напредување и обично успева, а ние веднаш стануваме тоа што бевме пред да се поколебаме…“

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 12 февруари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Spasenovska

  2. Snezana Spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Snezana Spasenovska

  3. Виктор Глигуроски Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Виктор Глигуроски

  4. Olivera Stojanovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Olivera Stojanvska

  5. Atanas Spasenovski Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Atanas Spasenovski

  6. Marta Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Marta Dimitrievska

  7. Caci Trkaleska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Caci Trkaleska

  8. Aleksandar Atanasov Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Aleksandar Atanasov

  9. Tamara Angelova Reply

    #СакамКнигаОдТРИ – Tamara Angelova

Напиши одговор на slagjana trkaleska-spasenovska Откажи одговор