Книга: „Вероника реши да умре“ – Пауло Коелјо

1-kniga-veronika-reshi-da-umre-paulo-koeljo-kafepauza.mkКоја е мерката за лудило?
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (21 гласа, просек: 9.33 од 10)
Loading...Loading...

„Вероника реши да умре“ е едно од постарите дела на Пауло Коелјо, па е и поразлично од она што го пружа во последните неколку години. Нема големи дози од магичниот реализам типичен за него, туку проблемот кој овде го изнесува го третира на пореалистичен начин. Се разбира, и овој пат приказната е автобиографска, а инспирирана од времето кое го поминал во установа за ментално здравје. Можеби веќе знаете, неговите родители сметале дека е луд затоа што сакал да биде писател и го пратиле таму за да го оправат. Но наместо тоа, таму се создал материјал за пишување. Тоа што е слично со другите негови дела е дека сопствената приказна и овој пат ја пренесува преку женски карактер.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Тоа е Вероника, млада 24-годишна девојка од Љубљана која решила дека треба да се самоубие. Не ѝ е сосема јасно зошто, но ете, сака да се самоубие. А нејзиниот живот наизглед е таков каков што секој на таа возраст би го посакал: дипломирала, работи, има момчиња, се забавува… Непосредно пред чинот размислува за банални работи барајќи повод за тоа што сака да го стори, давајќи до знаење дека вистинските причини таа ги носи скриени подлабоко во себе. На крај сепак ги испива таблетите и заспива мислејќи дека тоа е тоа, нема веќе да го живее овој мизерен живот во оваа мизерна земја. По некое време се буди во рајот, но тој не ѝ изгледа таков каков што го замислувала. Околу неа место ангели има растрчани луѓе облечени во бело кои ѝ зборуваат нешто нејасно. Набргу сфаќа дека е во психијатриската болница Вилет.

2-kniga-veronika-reshi-da-umre-paulo-koeljo-kafepauza.mk

Такво озлогласено место не може да биде рај. И што е уште полошо, преживеала! Но добро е барем тоа што нејзиниот кошмарен живот ќе трае само уште неколку дена. Нејзиното срце толку многу ослабнало од таблетите кои не успеаја да ја убијат, па каде и да е ќе замине и од болницата и од овој свет. Но, токму тогаш Вероника ќе доживее работи кои ќе ја натераат да се соочи со она што ја прогонува и на животот да почне да гледа на поинаков начин, како на некој кој вреди да се живее.

„Вероника реши да умре“ е книга чие дејство се одвива во лудница – идеално место за испитување на поимот на лудилото. Коелјо овој пат на доста суптилен начин се впушта во расправа за дефинирање на лудилото, за тоа кој е луд, а кој не, но и понатаму на неговиот супер едноставен, разбирлив и забавен начин. Тоа што вам може многу да ви се допадне е тоа што книгата третира теми кои силно ги засегаат читателите од средина како нашата, во која конзервативноста секогаш се појавува во нови бранови славејќи ја покорноста кон нормите. И самата болница е метафора за простор исполнет со неконвенционални луѓе на кои им се суди според конвенционални норми, а особено е интересно прикажувањето на однесувањето на ментално болните кои се сместени таму.

Има за што да се размислува откако ќе се заврши ваква книга.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 12 ноември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. LJUBICA SAPKAROVA STOILOVA Reply

    BI SAKALA DA JA PROCITAM OVAA KNIGA

  2. Katerina Joncevska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

Остави коментар