Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Сигурни сме дека овој факт ќе ги вознемири сите страсни колекционери на книги! „Сенки од ѕидовите на смртта“ (Shadows from the Walls of Death) е колекција на примероци од тапети која била објавена во 1874 година. Но, не е добра идеја да ја барате оваа книга, без разлика колку ја обожавате литературата од 19-ти век. Просто речено, оваа книга би можела да ве убие!

Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Викторијанците од Велика Британија и САД ги украсувале ѕидовите со светло обоени дезени, како што се геометриски фигури и цветни шари. За жал, многу од тие бои, особено зелените нијанси, биле направени од комбинација на арсен и бакар. Иако се знаело дека внесувањето арсен во организмот може да убие човек, повеќето Викторијанци верувале дека оваа хемиска супстанца може безбедно да се користи во боите и козметичките производи.

Убеден дека арсенот полека ги убива луѓето во нивните домови, авторот на „Сенки од ѕидовите на смртта“, Роберт М. Кеџи, решил да ја докаже опасноста од употребата на оваа хемиска супстанца во секојдневниот живот. Животот на авторот бил речиси исто толку интересен колку и приказната за оваа книга. Кеџи бил хирург во Сојузната војска, професор на државниот колеџ за агрикултура во Мичиген и член на Државниот одбор за здравје во Мичиген.

Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Неговиот аргумент дека тапетите направени од арсен испуштаат микроскопски прашливи честички кои може да бидат вдишени, иако бил точен, се сметал за многу проблематичен во негово време и тој не успеал да ги натера луѓето веднаш да се ослободат од овие смртоносни тапети. Истражувањата покажале дека помеѓу 1879 и 1883 година, 54-65% од тапетите што се продавале во САД содржеле арсен, а третина од нив содржеле смртоносна количина на арсен.

Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Книгата „Сенки од ѕидовите на смртта“ имала 86 страници со примероци од тапети кои содржеле арсен и таа можела да се најде во 100 библиотеки во Мичиген, со предупредување дека децата не смеат да ја допираат. Останале само 4 копии, бидејќи повеќето библиотеки се плашеле да не ги отрујат нивните читатели, па затоа ги уништиле примероците од книгата. 2 од преживеаните книги се наоѓаат во Универзитетот во Мичиген и во колеџот каде што учел Кеџи. Посетителите и библиотекарите мора да носат заштитни ракавици доколку сакаат да ја разгледаат книгата. Книгата добила и своја дигитална форма за да биде безбедна и достапна за пошироката јавност.

Книга со примероци од тапети која би можела да ве убие доколку ја допрете

Но, има уште еден интересен факт поврзан со „Сенки од ѕидовите на смртта“, а тоа е влијанието што оваа книга го имала на еден познат феминистички расказ. Расказот „Жолт тапет“ од Шарлот Перкинс Гилман, објавен во 1892 година, ја раскажува приказната за една жена, чиј сопруг, кој бил доктор, ја однел во изнајмена куќа на село за да се излечи од она што денес го викаме постпородилна депресија. Таа била затворена во една соба и полека полудела поради грдите жолти тапети кои наводно се движеле околу неа. Имајќи го на ум фактот дека викторијанските тапети содржеле смртоносна доза на арсен, кој може да предизвика халуцинации, лудилото на нараторката во „Жолт тапет“ добива реалистично толкување наспроти дотогашното натприродно толкување.

Што мислите вие за оваа книга? Би се осудиле да ја допрете?

Доколку обожавате да читате, можеби ќе ве интересира кои се 10-те книги што се изгубени низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар