Книга: „Проектот Лазарус“ – Александар Хемон

Книга: „Проектот Лазарус“ – Александар Хемон

Книга: Проектот Лазарус - Александар ХемонАко пребарате на Интернет за Лазарус Авербух многу брзо ќе откриете една од најтажните и најморничавите слики кои некогаш сте ги виделе – 1908 година, Чикаго, полицаец ја држи исправено главата на 19-годишно младо момче, штотуку застрелано. Полицаецот, изгледа како да се смешка. Лазарус Авербух во историјата е познат како „случајниот анархист“, неговата судбина е позната вистинита приказна која сведочи за ксенофобијата (се сеќавате на „Убијци без лица“?) која во тој период владее во Америка. Како Лазарус од паметен ученик кој зборува неколку јазици и вреден работник се претвора во најозборуваниот „анархист“ во историјата?

Кога писател со босанско потекло, кој пишува книги и колумни на неговиот втор јазик – англискиот, ќе објави дело за млад Евреин, емигрант кој на 19 години е убиен во домот на чикашкиот шеф на полицијата, не може а да не помине незабележано. Особено кога станува збор за вистински книжевен талент како Александар Хемон.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Книгата паралелно следи две приказни, за два лика кои припаѓаат на два различни светови и 100 години разлика, а сепак едниот успева да му го измени животот на другиот и тоа неповратно. Едниот од ликовите е Владимир Брик, според многумина алтер-егото на Александар Хемон, писател со босанско-украинско потекло кој по кратка посета на Америка во младите години останал да живее таму откако избила војната во Босна и Херцеговина. Брик е познат колумнист, признаен не само меѓу иселениците кои можат да се поистоветат со неговото секојдневие туку и меѓу американската публика. Како надежен млад писател со огромен потенцијал, Брик станува добитник на престижна стипендија и решава да ја искористи за овековечување на приказната на Лазарус Авербух.

Поради познатото чувство никогаш да не се вистински дома, стравот од непознатото и комуникацијата со луѓето која никогаш нема да биде иста како со луѓето во сопствената земја на мајчиниот јазик, Брик се чувствува поврзано со младиот Лазарус и решава да го следи неговиот животен пат. Додека Брик заедно со својот пријател Рора, фотограф исто така со босанско потекло, се враќа во родното место на Лазарус, читателот страница по страница се враќа во 1908 година во период кога младото момче било застрелано. На некој начин, Хемон води двојна истрага на случувањата, една преку вистински времеплов во минатото која ни открива што се случувало по убиството на Лазарус и нѐ запознава со неговата сестра, а другата го следи Брик денес кој патувајќи да дознае нешто повеќе за младичот всушност почнува да се открива самиот себе.

Книга: Проектот Лазарус - Александар Хемон

Неоспорен е талентот на Хемон, неговото навидум ноншалантно раскажување на тажната судбина на едно момче, неговиот црн хумор кога раскажува за несигурноста на Брик кој мора да се докажува како писател во туѓа земја додека живее од платата на неговата жена, неговите шлаканици за освестување кои ве тераат да се потсетите на бројните трагедии на Балканот. И што е најдобро, никогаш во ниту еден момент не се преправа дека знае како е да се преживее војна.

Книга за сите Балканци, иселеници, емигранти, за сите што имаат некој далеку и за сите што се далеку, а никогаш вистински дома.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 30 април 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар