Книга: „Полиња со диви нарциси“ – Винка Саздова

„И да го добиеш најголемиот аплауз, и да ја одиграш најголемата улога, ништо не вреди штом очите што ги љубиш ги нема да те видат…“

Книга: „Полиња со диви нарциси“ – Винка СаздоваЕдно писмо останува непрочитано… Истото тоа писмо ќе биде причина за едно далечно патување. Сто и осум ливчиња на кои е испишана единствено пораката разбуди ме, се потребни за некој конечно да се свести што му се излизгало од раце. Мачните сеќавања од младоста стојат испишани во еден дневник. Долгото патување на една девојка ќе ѝ даде надеж на една старица…

Дали сè се случува со причина? Дали ги среќаваме луѓето во нашиот живот со некаква цел? Како две судбини можат да се спојат повторно? Неверство, љубов, разделба и повторна средба. Никогаш не се откажувајте. На судбината можеби некогаш ѝ е потребно подолго време, но не значи дека коцките никогаш нема да се наредат на свое место. Да, Винка Саздова со својата моќ на раскажување и опишување, повторно ќе ве натера да се задлабочите во загадочните страници потпишани со нејзиното име.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ



„Биди како тревата. Нејзе не ѝ треба многу време за да закрепне. Со првиот сончев зрак, веднаш се исправа.“

Не можејќи веќе да молчи пред неверството на нејзиниот свршеник, Сара одлучува да избега што е можно побрзо и што е можно подалеку. Купува карта за еден правец. Во мешаницата од луѓе кои го очекуваат пристигнувањето на возот, Сара запознава една старица која исто така го носи нејзиното име. Сличноста меѓу нив двете е неверојатна. Зафатена со мислите за својата несреќа, младата Сара не ја забележува тагата во очите на старицата.

Војдан е човек заробен меѓу љубовта на две прекрасни млади жени. Себично ја голта сета убост што двете љубови му ја нудат без да помисли дека повредува нечии чувства. Кога конечно ќе се одлучи да одбере една на која целосно ќе ѝ го предаде своето срце, таа решава да избега од него. Како што и секогаш се случува со нас луѓето, тој разбира што изгубил откако неговата свршеница ќе му се излизга од раце како грст песок. Не можејќи да го поднесе нејзиното отсуство ќе се дрзне да го отвори нејзиниот дневник за да ја чувствува блиску до себе. Дури тогаш Војдан ќе почне да ја запознава својата Сара… онаа вистинската.

„Надежта е душман на среќата. Глупости! Таа ја храни душата. Не… не. Ти ја одзема сегашноста. Не живееш денес чекајќи го утре.“

2-kniga-polinja-so-divi-narcisi-vinka-sazdova-www.kafepauza.mk_

Двете Сари се среќаваат со голема причина по игра на судбината. Едната ќе ѝ ја даде иднината на другата, чувството на мир кое ѝ е потребно. Другата пак ќе ѝ даде одговори на многу прашања и ќе ѝ помогне да не ја направи истата грешка што таа еднаш многу одамна ја сторила…

„Не плачеме од болка. Плачеме од неприфаќањето на сопствените одлуки што ги нарекуваме судбина.“

„Искажаните зборови се како ветерот. Него не можеш да го заробиш. Можеш само да го пуштиш да дува, да корне, да свири, да игра и да дивее. И откако ќе мине, се прашуваш дали постоел, освен, се разбира, ако остави зад себе пустош. Но пишаниот збор е како морето. Преполн е со изненадувања и нови длабочини. Само што мислиш дека си го допрел дното, ново дно се отвора пред тебе.“

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 февруари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Tatijana Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Tatijana Adam Vasilevska

    • slagjana trkaleska-spasenovska Reply

      Dali vazi ovoj komentar za aplicirenje? Ne mi pokazuva drugo mesto za komentar?!

      • Кафе пауза Reply

        Слаѓана, да се важи, само што приоритет добиваат учесниците кои оставаат коментар преку Фејсбук (веднаш под рецензијата). Исто така може да се учествува и преку другите социјални мрежи. Правилата за учество се дадени во текстот со задебелени кафени букви.

  2. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Spasenovska

  3. Pepica Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  4. Jovan Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  5. Katerina Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Katerina Joncevska

  6. Tamara Angelova Reply

    kade se objaveni rezultatite?

    • Кафе пауза Reply

      Добитниците ги известуваме преку одговор на нивните коментари. Истовремено тие се јавно видливи за сите. Погледнете низ коментарите.

Остави коментар