Книга: „Огледана во тебе“ – Силвија Деј

Книга: „Огледана во тебе“ – Силвија Деј

Пламенот на страста продолжува. Посесивна љубов, мрачни страсти, сензуална еротика…

Книга: „Огледана во тебе“ – Силвија ДејОние кои го имаат прочитано првиот дел од серијалот „Кросфајр“, сигурно со нетрпение чекаат во раце да им падне второто продолжение. „Огледана во тебе“ ја продолжува љубовната сага на Ева и Гидион – крајно опсесивна, нескротливо страсна и многу сензуална и еротична. И двајцата носат тежок товар од минатото, мрачни сцени и спомени кои не им даваат мир. Нивната задача е да си помогнат еден со друг, да се ослободат од злите духови на минатото и да ја развијат способноста да љубат слободно, искрено и без тешки мисли.

Ако првата рецензија ја насловив како рецензија за возрасни, најавувајќи книга која не се чита со кафе туку со нешто жестоко, вториот дел воопшто не заостанува. Напротив, уште повеќе ќе ве хипнотизира, бидејќи Силвија Деј е подготвена да ви открие интригирачки тајни за минатото на протагонистите.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Малку еротика во литературата никогаш не е на одмет, особено ако е добро изведена. Деј нема да ви наметне „евтини“ страсти, туку ќе ве почести со таков вез од зборови што буквално ќе ве вовлече во љубовната сага.

Гидион Крос е маж од соништата. Висок речиси два метра, со полни џебови, моќен, влијателен, и со тело кое вриска „секс“. Крос е маж кој има слободен пристап кај жените, но околу себе изградил ѕидови кои се тешки за пробивање. Кога неговата врска со Ева станува посериозна, тој како никогаш порано мора да се избори со демоните од минатото, да си помогне себеси и да ѝ дозволи на Ева да влезе во неговото срце, целосно и без резерва.

Ева Трамил е убава девојка во своите дваесетти, која живее во луксузен стан во Менхетен заедно со својот пријател бисексуалецот Кери. Таа е под постојана заштита на нејзината мајка, која ја опишува како жена-трофеј, како и нејзиниот очув Ричард. И двајцата се трудат да ја заштитат од секое зло, имајќи ги предвид случувањата од минатото. Но единствениот кој може вистински да ја заштити е Гидион, кој може да допре до неа на најинтимен начин, кажувајќи ѝ дека покрај него таа е заштитена. „Би убил за тебе, би се откажал од сè за тебе… ама нема да се откажам од тебе.“

Но што ако и самиот Гидион е опседнат со тешкото минато толку што дури би можел да ѝ наштети на својата сакана? Ќе успеат ли да се ослободат од кошмарите од минатото? Ќе успее ли Гидион да ја урне својата заштитна обвивка и да ѝ овозможи на Ева да стане неопходен дел од неговиот живот?

Книга: „Огледана во тебе“ – Силвија Деј

„Без него венеев, светот околу мене ја губеше живоста, телото болеше што е одвоено од неговото. Тоа што е со мене… што ме допира… беше како дожд по суша. Душата ми се отвори за него, за да го впие.“

Нивната љубов сега како никогаш претходно е ставена на тежок тест. Минатото на Ева заканувачки се појавува во нејзината сегашност, загрозувајќи ја нејзината безбедност.

Љубовта на Ева и Гидион не е обична. Таа бара многу труд, жртвување и разбирање. И двајцата имаа трауматизирано детство што придонесува да израснат во страсни, но опсесивни ликови, болно љубоморни и со желба да го поседуваат другиот. И овој пат Силвија Деј нема да ве разочара и ќе ви го даде токму она што сте го очекувале од еден еротски роман, а можеби и малку повеќе.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 март 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Емилија Ивчевиќ-Величковска Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Емилија Ивчевиќ-Величковска

  2. Natasha Nate Jovanoska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

Напиши одговор на Natasha Nate Jovanoska Откажи одговор