Книга: „Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркес

Ljubov vo vreme na koleda 2013 3D newМаркес за многумина е неизбежна станица на бескрајното патување кое го нудат светските љубовни класици, за мене, морам да признаам, беше неистражена територија. Сега, можам слободно да потврдам дека листата на срцепарателни романи не е комплетна ако на неа не се наоѓа дело од овој нобеловец, особено пак, кога станува збор токму за „Љубов во време на колера“. На мојата листа, книгата се качуваше и се симнуваше и досега не стигна до врвот токму поради насловот, да бидам искрена. Невозможно е да не ве натера да размислувате за неостварена и трагична љубов, затоа што нели, се случува во време на колера и некако однапред е осудена на пропаст. Но, пропусти од ваков тип се случуваат кога книгата ја судите по корицата или во овој случај, по насловот.

Сепак, верувам дека пристигна во мои раце токму навреме. Модерните љубовни приказни имаат некоја друга димензија, избрзани, отворени и ниту малку дискретни, може да се каже дека им недостига старинскиот шарм на исчекување на романтиката. Тука, љубовни исчекувања имате до бесвест, и ќе уживате во нив.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Главните херои во оваа љубовна драма сместена во егзотичните Карипски острови се вплеткани во еден комплициран триаголник на романтика, страст и болка. Овие љубовни триаголници, вечна инспирација за добри и не толку добри романи, нудат таква возбуда и срцебиење што е невозможно човек да не се запраша што пропушта. Немојте да ве залаже бавниот почеток, Маркес намерно ве успива со приказните за стариот брачен пар во веќе поодминати години од нивните животи, за потоа лист по лист да ве буди и да ве остава без сон со возбудливите денови од нивната младост.

Флорентино Ариса е младо момче, скромно, работливо и со отворено срце. Со младешка наивност се препушта на исчекувањата и разочарувањата коишто може да ги донесе само љубовта, во моментот кога ја здогледува Фермина Даса – девојката која оддалеку ќе ја сака педесет години, девет месеци и четири дена. Нивната романса започнува типично за времето во кое приказната е сместена (во периодот од 1880 до 1930 година), со скришен поглед преку еден крај на паркот до другиот, со тајно писмо испратено преку дадилката, до душа во овој случај тетката на Фермина, и конечно со откривање на романсата од страна на нејзиниот закоравен татко, кој плашејќи се да не се омажи „пониско“ отколку што очекувал, ја носи на долго патување подалеку од несудената љубов.

Кога конечно, Фермина после долго време се враќа назад и го здогледува повторно Флорентино, сфаќа дека големата љубов која ја негувале толку долго време и на толкава далечина била всушност само младешка илузија и го одбива на најстуден можен начин. Нашиот заљубен херој во годините што следат, после бројни обиди да ја врати љубовта на Фермина, останува сам, разочаран но и со добро развиен бизнис и завидна бројка на љубовни афери. Фермина пак, се мажи за најпосакуваниот ерген, доктор Хувенал Урбино, миленикот на градот. Она што изгледа како крај на младешката љубов, со текот на времето всушност се претвора во еден од највозбудливите, страсни триаголници кои можете да ги најдете само во вакви феноменални дела.

Ljubov vo vreme na kolera 2013

Пишувањето на Маркес е хипнотичко, полека ве вовлекува во приказната и пред да се свестите, веќе сте заразени и длабоко навлезени во оваа љубовна сплетка. Описите на егзотичниот остров, контрастите кои ги користи за да ја долови убавината на местото опкружено со сиромаштија, болести и нечистотија е мајсторски изведено. Ќе љубите и ќе тагувате заедно со ликовите но никогаш премногу очајно и депресивно благодарение на нишката хумор (понекогаш црн) што се вовлекува низ страниците.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 5 февруари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Snezana Spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Snezana Spasenovska

  2. Caci Spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Caci Spasenovska

  3. Наташа Ангелова Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Наташа Ангелова

  4. Elena Naumoska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ ; Елена Наумоска

  5. Atanas Spasenovski Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Atanas Spasenovski

  6. Marko Spasenovski Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Marko Spasenov

  7. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Trkaleska Spasenovska

  8. Marina Reply

    #SakamKnigaOdTRI

  9. Caci T>S Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Caci T.Spasenovska

Остави коментар