Книга: „Лет над облаците“ – Ричард Бах

Книга: „Лет над облаците“ - Ричард БахСе сеќавате на „Галебот Џонатан Ливингстон“? Јас не. Многу јасно со оглед на тоа дека беше нешто што мора да се прочита, некое си задолжително четиво во осмолетка, а станува збор за книга за галеб којшто сакал да стане летечки виртуоз. Веројатно сум ја читала со скокање по три страни па сега се соочувам со хендикепот да не знам всушност какво ремек-дело напишал Ричард Бах.

Но, се поправив. Google ме подучи зошто е важна книгата за галебот, а сама сфатив зошто е важен Ричард Бах откако ја прочитав „Лет над облаците“ (или „Hypnotizing Maria“ во оригиналната верзија).


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Оние кои знаат по нешто за Ричард Бах со сигурност се запознаени со неговата пасија за летањето, која се рефлектира во секоја негова книга (уште еден „аха момент“ за мене, а поврзан со приказната за галебот) и која очигледно е инспирација и за „Лет над облаците“. Очекувано, главниот лик во книгата, Џејми Форбс, е пилот кој го запознаваме во доста херојска сцена уште на почетокот на ова необично дело. Имено, Џејми лета со неговиот авион кога од радиото слуша испаничен женски глас кој тврди дека нејзиниот маж е мртов. На несреќа на жената, токму нејзиниот маж бил пилотот кој го управувал нивниот авион, а таа нема никаква идеја како се лета со него, или со каков било друг авион кога сме кај прашањето. Џејми со својот смирен став и одлични способности ѝ помага на жената безбедно да слета. Утредента по овој несекојдневен настан, Џејми чита статија од весник во која жената изјавува дека пилотот ја спасил, буквално ја хипнотизирал со неговите зборови и на тој начин слетала безбедно.

Изборот на зборовите на жената, дека Џејми ја хипнотизирал, му будат спомен од настан кој засекогаш му го менува животот и начинот на кој ги разбира нештата околу него. Џејми бил дел од претставата на Големиот Блексмит – хипнотизер кој само со неколку збора го натерал да верува дека е заробен во подрум обложен со камен и без излез, за Џејми подоцна да сфати дека е всушност на сцена и сето тоа се случувало само во неговата глава. Години подоцна Џејми се сеќава на ладниот и цврст камен, на болката во дланките по удирањето, на паниката дека не може да го пронајде излезот и на запрепастувањето кога раката на Блексмит минува низ „ѕидот“ и го извлекува Џејми надвор од затворот кој всушност постоел само во неговите мисли.

Книга: „Лет над облаците“ - Ричард Бах

Овие две невообичаени искуства предизвикуваат низа настани кои драстично го менуваат начинот на којшто Џејми размислува за животот и за светот околу него, започнува да се прашува за случајностите и судбината, за тоа како хипнотичките сугестии на сѐ околу нас го обликуваат нашиот живот, верувања и однесување.

Книгата ги истражува најдлабоките духовни и филозофски прашања за постоењето на човекот и настрана фасцинантната приказната која Бах ја користи за да го пренесе сето тоа, сѐ се сведува на едно прашање кое барем еднаш на сите ни паднало на памет „Што ако ништо околу нас не е вистинско?“


„Илјадници, милиони сугестии, вистинско море сугестии што ги прифаќаме, обожаваме, разумни, неразумни, сугестии што ги одбиваме и занемаруваме… а сите тие, невидливи, се слеваат низ мене, низ секое човечко суштество, низ секое животно, секој облик на живот на Земјата: мораме да јадеме и да спиеме, мораме да чувствуваме топлина и студ, болка и задоволство, мораме да ги слушаме отчукувањата на срцето, да дишеме воздух, да ги научиме сите закони на физиката и да ги почитуваме, мораме да ги прифатиме сугестиите дека ова е единствениот живот што постои, што некогаш постоел и што некогаш воопшто ќе постои.“

Би требало да сте сериозно спремни за анализа и себеистражување кога во раце земате ваква книга. Но со „Лет над облаците“ тоа всушност и не е важно. Бах ве хипнотизира и ве вовлекува во приказната сакале вие или не. А слично како Блексмит, со последната страница ви подава рака преку ѕидот и ве остава соголени, но овој пат сами пред себе.

И за крај, реченицата која ме зароби:

„Не сакајќи да излезат будали, мнозинството луѓе ја прифаќаат сугестијата дека се само едно тело што го троши времето додека времето не ги истроши нив.“

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 5 март 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    Sakam da apliciram za knigata Let nad oblacite!

  2. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Spasenovska
    Napomena: kaj mene nema drugo mesto za komentar i ne znam dali moze tuka da apliciram za knigata Pozdrav!

    • Кафе пауза Reply

      Слаѓана, дали користите Фејсбук?

    • Anonymous Reply

      Znaci sepak tuka ne vazi, a i drugi go imaat toj problem kako jas, nema add comment

      • Кафе пауза Reply

        Правилата за учество се објаснети под секоја рецензија. Треба да се користи некоја од наведените социјални мрежи. Доколку користите Фејсбук, опцијата за коментирање преку Фејсбук би требало да ја гледате над овие видови коментари.

  3. Spasenovski Atanas Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Atanas Spasenovski

  4. Spasovska Sladjana Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Spasovska Sladjana

  5. Caci Trkaleska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Caci Trkaleska

    Mene ovde ne mi se pojavuva drugo mesto za komentar, dali tuka se aplicira?

  6. Николина Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  7. Марија Reply

    објавувам коментар но не излегуваааа!

    • Кафе пауза Reply

      Излегува. Сепак, подобро е да учествувате преку Фејсбук коментар. Исто така, мора да се остави полно име. Прочитајте ги добро правилата за учество.

  8. Даниела Поповска Reply

    #СакамКнигаОдТРИ. Даниела Поповска

Остави коментар