Книга: „Без страв“ – Лурлин МекДениел

Книга: „Без страв“ – Лурлин МекДениел

На што сè сме подготвени за нашите најблиски? Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од вас? Би го сториле ли тоа?

1-kniga-bez-strav-lurlin-mekdeniel-kafepauza.mk

Доколку сте љубители на романи од стилот на Николас Спаркс ви предлагаме книга која ќе ве натера да пуштите по некоја солза. Романите на МекДениел се концентрираат на трагични судбини и стресни ситуации кои ве тераат да помислите што би правеле доколку вие сте на местото на некој од ликовите. Авторката од лично искуство знае што значи животот целосно да ти се промени преку ноќ па тоа совршено го претставува во своите дела.

Овој роман е баш она што се бара од еден летен хит. Нека не ве лаже трагичниот тон во оваа рецензија бидејќи книгата го претставува реалниот живот на луѓето кој можеби не секогаш е розов, но секогаш има искра надеж која ни ги грее срцата и во најтешките мигови.


Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги


Секој може да му позавиди на Тревис Морисон. Тој е нуркач шампион, еден од најпопуларните фраери во училиште и има згодна девојка во која е вљубен до уши. Но, еден летен ден сè тргнува наопаку. Тревис заедно со неговата сестра, неговата девојка и неговиот најдобар пријател, оди на езеро каде одлучува да скокне од една висока карпа. Самоуверен и покрај опасниот предизвик одлучува да скокне бидејќи тоа го правел многупати дотогаш. Несреќата што се случува за време на падот му го променува целиот живот. По лекарските прегледи се утврдува дека Тревис има ретка форма на рак на коските и со тешко срце ја прифаќа веста дека ќе мора да ја изгуби едната нога во борбата за живот.

Животот на Тревис се распаѓа, но тој има план и му треба помош за негова реализација. Тој одлучува цврсто и без страв исто како што тоа го направил илјадници пати претходно со секое скокање од високата штица. Но, овој пат е поинаку. Овој пат тој од своите најблиски ќе побара нешто што засекогаш ќе им ги обележи животите.

Со тоа не се менува само животот на Тревис туку и на сите околу него. Приказната е раскажана во 4 гласа: Тревис, неговата сестра, неговата девојка и неговиот најдобар другар. Сите се ужасно засегнати со големата трагедија и се обидуваат да се справат со неа.

Раскажувањето во книгава ќе ве натера да се ставите на местото на ликовите. Ќе ве замисли, ќе ве натера да се запрашате што би направиле вие доколку сте на нивно место? Ќе ве натера да помислите што се крие зад влезната врата во еден дом и колку нешта може да ги мачат вашите пријатели, нешта што тие никогаш нема отворено да ви ги признаат? Но, пред сè, оваа лесна и загадочна приказна ќе ви ги потполни слободните летни денови. Кога би морала да наведам забелешка тоа би била недоволната разработка на ликовите, но ова е субјективно и зависи од вкусот на секој читател. Иако може да ви звучи како таква, оваа книга не е плитка романтична приказна. Препорачувам да им дозволите на нејзините страници ова лето да ви се излизгаат низ прсти. Можеби ќе ја читате на плажа, ќе ја понесете со себе на одмор, или пак ќе уживате во вашиот двор под сенка заштитени од летните горештини.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 23 јули 2014.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  2. Emilija Karafiloska Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  3. emilija Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги emilija karafiloska

  4. Жаклина Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Жаклина Андовска

  5. Ivana Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ivana Manovska

  6. Ивана Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ивана Милева

  7. Даниела Поповска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Даниела Поповска

Остави коментар