8 дистописки книги за сите оние кои ја сакаат „Игрите на гладните“ - Part 2

8 дистописки книги за сите оние кои ја сакаат „Игрите на гладните“

5. „Градот Ембер“ (The City of Ember) – Жан Дупрау

Во оваа книга се зборува за група архитекти, научници и доктори кои го создаваат подземниот град Ембер, кој располага со доволно ресурси за живот во следните 200 години. По 250 години, почнуваат да недостигаат важни ресурси и двајца млади жители се обидуваат да го спасат.

6. „Фаренхајт 451“ (Fahrenheit 451) – Реј Бредбери

12 дистописки книги за сите оние кои ја сакаат „Игри на гладта“

Литературното ремек-дело на Реј Бредбери ни раскажува за едно општество во кое луѓето живеат во огноотпорни домови и уживаат во материјални добра додека паралелно постои и подопштество, мала група луѓе кои и покрај наредбата за горење на сите книги, тие знаат наизуст најмалку по една, за да можат да ја раскажат на поколенијата.

7. „Лавиринтотот: Невозможно бегство“ (The Maze Runner) – Џејмс Дашнер

12 дистописки книги за сите оние кои ја сакаат „Игри на гладта“

Станува збор за научно фантастичниот дистописки роман за момчето Томас, кој еден ден се буди без ниту еден спомен, опкружен со странци, во областа позната како Глејд, околу која има лавиринт без излез.

8. „Дивергентни“ (Divergent) – Вероника Рот

12 дистописки книги за сите оние кои ја сакаат „Игри на гладта“

Уште едно дистописко дело, трилогија, претворено во филм. Дејството се случува во постапокалиптично Чикаго, каде што луѓето се поделени во пет фракции, врз основа на нивната личност и вредност. Главниот лик, девојката Трис Прајор, открива дека е дивергентна, односно дека не припаѓа на ниту една од овие групи.

Погледнете ја и оваа листа од филмови кои ја предвидоа иднината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар