7 романтични книги кои вреди да ги прочитате оваа зима

Читањето во зима е можеби најдобро за разлика од кој било друг период во годината. Студените месеци ве тераат да се покриете со некое топло ќебе, а самото читање го носи вашиот ум на некоја авантура во различен свет. Кога ќе се одлучите за некоја романтична книга, ќе сфатите дека ќебето и огнот не се единствените нешта кои ве топлат.

(8)7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ova-zimo-kafepauza.mk

Романтичните книги знаат како да измамат насмевка на нашето лице. Се вљубуваме во ликовите, приказните и самите зборови. Писателите се навистина креативни и умешно нè тераат да поминуваме часови со нивните книги. Па, ако барате нешто вакво за оваа зима, погледнете ги овие 7 предлози.

1. „Светлината што ја изгубивме“ – Џил Сантополо (The Light We Lost)

(1) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Почетната точка на оваа љубовна приказна е ден познат по неговото буквално и фигуративно уништување. Парот се запознава на 11-ти септември, 2001 година. Сите знаеме колку тажен бил тој ден, па сигурно се прашувате зошто писателот го одбрал токму тој ден како почеток на една љубовна приказна.

2. „Ова завршува со нас“ – Колин Хувер (It Ends with Us)

(2) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Никој навистина не ја заборава првата личност во која се вљубил. Целото искуство, добро или лошо, засекогаш ќе остане во нас. Дури и кога сме продолжиле понатаму, самото присуство на таа личност може да ја комплицира врската. Ова е приказна за пар кој се наоѓа токму во вакво сценарио.

3. „Договорот“ – Сара Дун (The Arrangement)

(3) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Перцепцијата за среќен брак се менува. Многу често паровите сами си одбираат што е потребно за нивниот брак да биде среќен и мирен. Па, што ќе се случи кога еден пар ќе се согласи на отворен брак? Треба да прочитате за да откриете.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар