7 книги кои ќе го променат вашиот поглед кон светот

Книгите имаат некоја магија која нè заробува, со која филмовите едноставно не може ни да се споредат. Најлошото нешто што можете да си го направите е да се ограничите на само неколку прочитани книги. Најдоброто нешто пак, е да откриете што ви е интересно и да прочитате многу на таа тема. Ако барате книги кои ќе ви ги предизвикаат телото и душата, и ќе направат да го гледате светот на поинаков начин, оваа листа ќе ви помогне.

7-knigi-koi-kje-go-promenat-vashiot-pogled-kon-svetot-kafepauza.mk

1. Така зборуваше Заратустра – Фридрих Ниче (Thus Spoke Zaathustra)

Единствената задача на книгата е целосно да ја преврти човековата душа. И успева во тоа, но само ако читателот е отворен да го прими тоа. Книгата има сè, од смртта на Бог, до поминувањето на човекот низ пророштвото кон вечното повторување на истото. Книгата содржи уникатен експериментален стил, а нараторот е Заратустра. Не е ниту проза, ниту поезија, туку на некој начин и двете, кршејќи ги правилата на литературата.

2. Негирање на смртта – Ернест Бекер (The Denial of Death)

„Опасност: Голема веројатност од будење на теророт и смртта, од каде што нема враќање.“ – Ернест Бекер

Ова дело е изградено врз работата на Сорен Киеркегард, Зигмунд Фројд и Ото Ранк. Низ книгата, гласот на Бекер нè дави, но со повисока цел. Тој нè држи за вратот и нè спушта на земја каде што открива дека не сме ништо повеќе од несигурни и кршливи суштества кои имаат потреба од потврдување на сопствената моќ. Но токму на овој начин го наоѓаме нашето „симболично јас“. Бекер зборува како вистински херој и го присилува нашиот ум да се движи кон празнината, нè предизвикува да бидеме храбри и одговорни со тоа што ни покажува значење, цел и значајност во нашиот живот.

3. Природата и човечката душа – Бил Плоткин (Nature and the Human Soul)

Во оваа книга Плоткин ни ги претставува фазите на човековото разбирање. Тој нè носи на епско патување низ здравото човеково развивање, почнувајќи со „Невиноста во гнездото“, „Истражувачот во градината“ и „Актерот во оазата“. Овие три фази го прикажуваат делот од развојот со помала егоцентричност. Повеќето луѓе не ја надминуваат оваа фаза, па затоа најкритична е четвртата, „Скитачот во куклата“. Овде учиме како да си ја продолжиме зоната на удобност.

4. Конечни и бесконечни игри – Џејмс Карс (Finite and Infinite Games)

Оваа книга е истражување на човекот преку концептот „Теорија на игра“. Карс ни претставува двајца спротивни играчи: „Конечниот“ и „Бесконечниот играч“. Конечниот играч игра во граници, додека Бесконечниот играч игра со границите. Конечниот играч игра за моќ, Бесконечниот си игра со моќ. Конечниот троши време, Бесконечниот создава време. Конечниот играч бара вечен живот, Бесконечниот бара вечно раѓање. Кај Конечниот играч правилата на игра се постојано исти, кај Бесконечниот постојано се менуваат. За Конечниот играч играта евентуално завршува, за Бесконечниот постојано продолжува. Единствена бесконечна игра е играта на животот.

5. Бунтовник – Алберт Ками (The Rebel)

„Се бунтувам, затоа постоиме“ – Алберт Ками

Овој есеј со големина на книга е патување низ силата на бунтот и револуцијата во општествата. Ова е реален портрет на револтираниот човек. Ками минува низ концептот на апсурдот и лудоста, притоа разговарајќи за дилемата на бунтовниците кои бараат правда и како некои од нив се занесуваат и ја губат смислата на нивниот бунт.

6. Ишмаел – Даниел Квин (Ishmael)

Книгата користи Сократов дијалект за да го реконструира тврдењето дека човекот е врвната креација на земјата. Ишмаел е горила што може да комуницира телепатски, и на еден неименуван студент му ги кажува своите филозофии. Ишмаел го дели општеството на 2 дела: општество на „Киднапери“ и општество на „Заминувачи“. Мотото на Киднаперите е „Светот му припаѓа на човекот“, а на Заминувачите – „Човекот му припаѓа на светот.“ Киднаперите се оние чии постапки имаат опасни последици како истребување на цели видови, глобално затоплување и модерни ментални болести. Оваа книга е вистинска авантура за умот и душата.

7. Материјалот на реалноста – Дејвид Душ (The Fabric of Reality)

Оваа книга опфаќа сè, влијанието на еволуцијата врз универзумот, самата природа на теориите и како квантните компјутери би влијаеле на нашата иднина. Хипотезата за мултиверзум, според Душ, е клучот за создавање нов поглед кон светот. Таа ги обединува теоријата на еволуцијата и знаењето од квантната физика. Тој пишува за универзалните Тјуринг машини, слободната волја, парадоксот на големиот татко, и машините за патување низ времето и ги спојува со Поперијанската епистемологија за решавање проблеми. Прекрасно четиво за љубителите на науката кои сакаат да ги преминат своите ментални граници и да размислуваат надвор од кутијата.

Погледнете ги и овие книги кои ќе ви ја зголемат самодовербата и ќе го променат вашиот поглед кон светот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар