5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

Ако вашата листа за читање за месец март сè уште не е готова, оваа листа ќе ви помогне. Погледнете неколку предлози за книги со неверојатни приказни кои навистина ќе ве фасцинираат.

1. Династијата Медичи: Во име на кралицата (I Medici: Una Regina al Potere) – Матео Струкул

5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

По смртта на Франсоа I, додека се разгорува верската војна, Катарина Медичи е опкружена со дворски интриги, предавства и игри во ноќта.

2. Палата од хартија (Paper Palace) – Ерин Вот

5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

Ако сака да се спаси себеси и девојката која е силна и подготвена да направи сè за луѓето што ги сака, Рид Ројал ќе мора да го остави зад себе своето мрачно минато.

3. Фатална убавина (Beauty is a Wound) – Ека Курниаван

5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

Овој роман е палета од необични ликови, суштества од бајките, мешавина од разни култури и раси, како и автентични историски настани.

4. Вегетаријанка (The Vegetarian) – Хан Канг

5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

Шокантен роман кој раскажува за девојка која одеднаш одлучува да донесе големи промени во својата исхрана кои имаат големо влијание на неа и нејзиното семејство.

5. Валентина во мрачната соба (Valentina in the Dark Room) – Еви Блејк

5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

Станува збор за еротско љубовен роман за девојка за која писателката пронашла инспирација во истоимениот графички роман од италијански мајстор за стрипови.

Погледнете ги и овие 12 книги кои се одлични за читање пред спиење.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар