18 книги кои треба да ги прочитате пред да излезат филмовите кои се базирани врз нив - Part 3

18 книги кои треба да ги прочитате пред да излезат филмовите кои се базирани врз нив

13. Девојката во возот (The Girl on the Train) – Пола Хокинс

(6)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Неодамна разведената Рејчел се вози со истиот воз секој ден и секој ден гледа во совршен пар кој појадува спроти неа. Но, еден ден ќе посведочи нешто шокантно и ќе го пријави истото во полиција, заплеткувајќи се себеси во мистерија што следува.

14. Повикот на чудовиштето (A Monster Calls) – Патрик Нес

(13)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Малку после полноќ, 13-годишниот Конор наоѓа чудовиште пред неговата соба. Но, тоа не е чудовиштето кое го очекува. Тој го очекувал неговиот кошмар, оној кој се појавувал скоро секоја вечер од моментот кога неговата мајка започнала со лекување од рак. Ова чудовиште е античко, диво и е во потрага по нешто многу опасно – вистината.

15. Инферно (Inferno) – Ден Браун

(14)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Роберт Ленгдон, професор по симболизам при Универзитетот Харвард, се буди во италијанска болница и не може да се сети на последните 36 часа од неговиот живот, вклучувајќи го и потеклото на злокобниот предмет скриен во неговите алишта. Том Хенкс повторно се враќа во светот на „Кодот на Да Винчи“.

16. Долгата прошетка на Били Лин на полувреме (Billy Lynn’s Long Halftime Walk) – Бен Фанутајн

(15)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Темната сатирична приказна ги следи преживеаните членовите на херојскиот Тим Браво низ една измачувачка епизода од медиумската „Победничка турнеја“ на стадионот во Тексас. Приказната се случува за време на војната во Ирак и го опишува различното поимање на војната во странство и во Америка.

17. Фантастични суштества и каде да ги најдете (Fantastic Beasts and Where to Find Them) – Њут Скамандер и Џ. К. Ролинг

(16)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Станува збор за една од книгите кои Хари Потер ги читал во Хогвартс. Тоа е приказна за магичните суштества во светот на волшебниците. Филмот чие сценарио исто така го пишуваше Џ. К. Ролинг ги следи авантурите на писателот Њут Скамандер во Њујоршкото тајно друштво на вештерки и волшебници, 70 години пред Хари Потер да ја чита оваа книга.

18. Домот за необични деца на госпоѓа Перегрин (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children) – Рансом Ригс

(17)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

16-годишниот Јакоб патува до далечен остров после семејната трагедија и таму ги открива урнатините од домот за необични деца на госпоѓа Перегрин. Истражувајќи ги, тој открива дека децата не биле само необични, туку и опасни, а веројатно и дека сѐ уште се живи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар