15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

Кога можете да го гледате филмот, зошто би се мачеле да читате роман од 1.000 страници?! Барем така размислуваат повеќето луѓе според најновите анкети. Имено, тие покажале дека многумина лажат за книгите што ги прочитале за да не отскокнуваат од друштвото.

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

Една четвртина од испитаниците се подготвени да лажат дека прочитале некои книги за да делуваат попаметно и попривлечно. Истражувањето во кое учествувале 2.000 луѓе направило листа на книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале. Можете да претпоставите за кои книги се работи?

Ако „Војна и мир“ ви падна прво на памет, не се далеку од вистината. Лав Толстој се појавува дури 2 пати на листата, а Чарлс Дикенс неверојатни 3 пати! Изгледа дека многу средношколци ги прескокнувале лектирите и се потпирале само на филмовите. Но, на списокот се нашле и некои посовремени книги што можеби ќе ве изненадат. Да, постојат луѓе што лажат дека ги прочитале „50 нијанси сиво“ и книгите од серијалот „Хари Потер“.

40% од луѓето изјавиле дека најчесто лажат за да не бидат изоставени од разговорот, а само третина од нив лажат за да делуваат поинтелигентно. Доколку се пронајдовте, можеби е време да ги прелистате книгите што само ви фаќаат прашина на полиците.

Во продолжение погледнете кои се 15-те книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале…

1. „Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

2. „1984“ – Џорџ Орвел

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

3. Трилогијата „Господар на прстените“ – Џ.Р.Р. Толкен

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

4. „Војна и мир“ – Лав Толстој

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

5. „Ана Каренина“ – Лав Толстој

15 книги што луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

Продолжете на втората страница за да ги погледнете останатите книги на листата…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар