14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат - Part 2

14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

ЛИТЕРАТУРА ЗА МЛАДИ

5. Црвена кралица (Red queen) – Викторија Ejвјард

Мер Бероу е 17-годишна девојка чии магични моќи ја претвораат оваа обична и сиромашна девојка во личност која е од голема важност за кралството. Но, кога ќе навлезе во елитниот свет на Сребрениците, таа е привлечена од бунтовништвото на Црвените и мора да донесе одлука која може да ѝ го промени животот.

2-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mk

6. Сите светли места (All the bright places) – Џенифер Нивен

Теодор Финч и Вајолет Марки се средношколци кои навидум немаат ништо заедничко. Финч е депресивно и неразбрано момче отфрлено од останатите деца, а Вајолет е дружељубива и популарна девојка со проблеми кои ги крие под нејзината бела насмевка. Но, кога ќе се најдат во слично очајни ситуации, стоејќи на врвот од училишната кула, нивното невообичаено пријателство прераснува во луна парк од романтични чувства.

МИСТЕРИЈА И ТРИЛЕР

7. Девојката во возот (The girl on the train) – Пола Хокинс

Овој дебитантски психолошки трилер го следи животот на Рејчел која го достигнува дното на нејзиниот живот. Таа секој ден го поминува возејќи се во воз за Лондон така што никој да не дознае дека таа ја изгубила нејзината работа, дека станала алкохоличар и дека сѐ уште наоѓа изговори за нејзиниот маж кој ја изневерува. Кога ќе вмеша прсти во мистеријата за исчезнатата жена, таа открива синџир на опасни тајни. Но проблемот е што никој не ѝ верува.

3-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mk

8. Странецот (The stranger) – Харлан Кобен

Адам Прајс е успешен семеен човек кој крие длабоки тајни. Енигматичниот Странец од нигде-никаде се појавува токму навреме за да го уништи совршениот живот на Адам со информациите кои ги има.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар