13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не размислува за промена на самиот себе.“ – Лав Толстој

Добро начитаните луѓе се добро оформени индивидуи. Книгите можат да нѐ збогатат со многу доблести, а најголемата од нив е способноста да се идентификуваме и да сочувствуваме со луѓето кои ги среќаваме во текот на нашиот живот, дури и да станува збор за измислени ликови. Највредните лекции се оние што ги учиме на суптилен начин. Книгите кои го добиле називот „класици“ содржат вечни пораки кои продолжиле да ги менуваат стандардите и останале свежи и иновативни и ден денес иако поминале многу години откако биле напишани. Погледнете ги следниве 13 прекрасни книги кои не само што ќе ве заинтересираат туку и ќе ви помогнат да си го подобрите животот…

1. „Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

Овој роман ја раскажува приказната за една обична жена, згушена од нејзиниот буржоаски начин на живот, која постојано тоне во љубовни фантазии поради што доживува катастрофален крај. Гистав Флобер го засновал ликот на Ема Бовари на неговиот карактер и сите читатели можат ги забележат неговите недостатоци отсликани во импулсивната хероина во романот.

2. „Орландо“ – Вирџинија Вулф

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

Вирџинија Вулф ја раскажува приказната за бесмртниот андроген поет кој живеел во 1928 година. Во романот се обработува еден поинаков поглед кон значењето на полот кој се третира како нешто сосема индивидуално и менливо. Судбината на Орландо, кој ќе ги помине кралските дворови и ќе се омажи за морски капетан, ќе ве фасцинира и замисли.

3. „Изгубените илузии“ – Оноре де Балзак

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

Овој роман на Балзак е доказ дека колку повеќе се менуваат работите толку повеќе остануваат исти. Писателот ќе ве одведе на тура низ салоните од 19-тиот век во Париз и ќе ве запознае со младиот поет од провинција кој ќе ја научи суровата животна реалноста благодарение на безмилосната општествена клима на метрополата.

4. „Песната на Соломон“ – Тони Морисон

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

Првото ремек-дело на Тони Морисон ја раскажува приказната на Мејкон „Млекарот“ Дед Јуниор, сестра му и неговиот најдобар пријател Гитар кои тргнуваат на волшебна и реалистична одисеја. Морисон обрнува внимание и на граѓанските права, законот за ропство во САД и животот на афро-американските семејства на таков начин што успева да создаде библиско современ мит.

Продолжете на следната страница за останатите книги…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар