10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Светски познатите писатели обично се прославуваат благодарение на едно ремек-дело кое буквално сите го знаат. Сигурно сте чуле за „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин или за „Моби Дик“ од Херман Мелвил, но дали сте запознаени со другите нивни романи? Можеби тие не ја постигнале истата светска слава како нивното најчитано дело, но тоа не значи дека не вреди да се прочитаат. Ова се 10-те помалку познати книги од популарни писатели кои веднаш треба да ги вклучите во вашата листа за читање…

Ф. Скот Фицџералд – „Убави и проколнати“ (The Beautiful And Damned)

10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Ако не сте ја прочитале, тогаш сигурно сте чуле за „Големиот Гетсби“ од Фицџералд, но тоа не е единствената негова книга. Покрај извонредниот стил на пишување, овој писател е познат и по неговата бурна врска со саканата Зелда. „Убави и проколнати“ е книга инспирирана токму од љубовта помеѓу Фицџералд и неговата извонредна сопруга.

Херман Мелвил – „Човекот од доверба“ (The Confidence-Man)

10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Како што веќе споменавме Мелвил е најпознат по неговиот огромен роман „Моби Дик“, но тој всушност бил многу продуктивен писател кој напишал уште многу други книги. „Човекот од доверба“ е сатирична книга за патници на еден пароброд полна со добро познатата Мелвилова иронија и детална проза.

Џ. Д. Селинџер – „Френи и Зуи“ (Franny And Zooey)

10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Откако ќе ја прочитате неговата книга „Игра во ’ржта“, прочитајте ги и другите дела на Селинџер. Во „Френи и Зуи“ се раскажуваат две приказни за девојка која е разочарана по неуспешниот љубовен состанок и нејзиниот брат.

Луси Мод Монтгомери – „Синиот замок“ (The Blue Castle)

10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Оваа канадска писателка е позната по детските романи, но нејзините книги за возрасни воопшто не се за потценување. „Синиот замок“ е драматична романса за протагонистот Валанси Стирлинг која засекогаш ќе ви остане во сеќавање.

Марк Твен – „Јенки во дворецот на Кралот Артур“ (A Connecticut Yankee In King Arthur’s Court)

10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат

Кој може да ги заборави добро познатите „Хаклбери Фин“ и „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен? Сигурно сте ги прочитале како лектири во основно и средно училиште. И „Јенки во дворецот на Кралот Артур“ е популарна книга, но сепак помалку позната. Дефинитивно вреди да се прочита приказната за инженерот кој одеднаш ќе се најде во Средниот век.

Продолжете на следната страна за останатите 5 книги…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар