10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Дали некогаш сте читале книга која на почетокот ви се чини дека е сосема нормална, но во еден момент ќе ве извади од памет со комплицираниот пресврт и чудесниот крај? Одеднаш сфаќате дека неповрзаните карактери и настани на некој начин се многу испреплетени меѓу себе, па не можете да ја оставите книгата сѐ додека не го дознаете крајот.

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Еве неколку примери за такви книги. Дури и да сте страстен читач и одлични во решавање мистерии, овие приказни дефинитивно ќе ве импресионираат со нивните лажни протагонисти, интригантни флешбекови и брилијантни пресврти.

1. „Атлас на облаците“, Дејвид Мичел

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Ова е неверојатна и волшебна новела која ќе ве однесе од средината на деветнаесеттиот век во далечната, постапокалиптична иднина. Се состои од шест приказни за шест не толку случајни луѓе, кои се предодредени да ја делат нивната иднина. „Атлас на облаците“ е еден вид сложувалка и секој кој се обидува да ја реши, завршува со многу различна, но фасцинантна слика на крајот.

2. „Игра на тронови“, Џорџ Р. Р. Мартин

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

„Игра на тронови“ е првата книга од серијата новели насловена како „Песна за мразот и огнот“. Сигурно веќе сте ја гледале адаптираната телевизиска серија, а ако не сте ја гледале, барем сте слушнале за неа. Приказната се случува на измислениот континент Вестерос, кој долго време е растргнат од долги војни помеѓу различни династии.

3. „Часови“, Мајкл Канингам

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

„Часови“ е новела од 1999 година, добитник на Пулицерова награда, која ја раскажува приказната за три случајни жени кои ги живеат нивните животи во нивното време и простор. Покрај тоа, тие многу наликуваат една на друга и можеби поради тоа нивните судбини ќе се испреплетат со серија на среќни и не толку среќни настани.

4. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“, Џонатан Сафран Фоер

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Трогателна и искрена новела за деветгодишниот Оскар, кој се обидува да ја расплете мистеријата поврзана со смртта на неговиот татко. Низ приказната тој патува на различни места и се среќава со различни луѓе. Поставувајќи им неколку длабоки прашања, тој се обидува да најде одговори.

5. „Г-ѓа Даловеј“, Вирџинија Вулф

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Вирџинија Вулф на своите читатели им подари невообичаена новела. Оваа магична приказна нè води во нов свет од емоции и случајни настани. Мозаичка структура која во еден единствен ден ги спојува минатото и сегашноста.

6. „Куќа на заспаните“, Џонатан Ко

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Оваа интригантна новела ја открива психологијата на спиењето и проблемите со времето и сопствениот идентитет. Сара, Тери, Грегори и Роберт се група млади студенти кои живеат во блескава викторијанска куќа наречена Ешдаун. Неколку години подоцна, се враќаат во Ешдаун и на некој начин засекогаш се поврзани со нарушувањето на спиењето од кое сите страдаат.

7. „Сага за Форсајтови“, Џон Голсворди

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

„Сага за Форсајтови“ е фундаментално дело на Џон Голсворди, добитник на Нобеловата награда за литература, кое го опишува животот на три генерации од големо лондонско семејство, заедно со нивните предрасуди и верувања. Авторот одлично ја претставил високата англиска класа од тоа време со сета алчност, љубомора и предавства.

8. „Чекорење по стакло“, Иан Бенкс

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Новелата се состои од три различни приказни за различни луѓе: уметник кој е лудо вљубен во една таинствена жена, параноичен психопат кој избегал од болница и двајца воени криминалци од спротивната страна на големата војна. На почеток изгледа сосема невозможно тие да делат иста судбина, но подоцна врската помеѓу овие три различни приказни ќе стане поочигледна.

9. „Крвни врски“, Саманта Хејс

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Во студен зимски ден, женско бебе е киднапирано од кола. Истиот ден, млада жена раѓа машко дете. Тринаесет години подоцна, посвоената ќерка на адвокатот Робет Најт добива место во престижното музичко школо во Лондон. Единствениот проблем е што неговата жена Ерин, не сака девојчето да оди во тоа школо. Еден ден, Роберт наоѓа писма од неговата сопруга во кои открива дека таа лажела за своето минато.

10. „Пржени зелени домати во кафе“ , Фени Флег

10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

Класичниот роман за жените и нивното пријателство, раскажан од Фени Флег, често е опишуван како народна приказна. Некои ја доживуваат и како освежителна и интересна приказна. Без разлика што велат критичарите, во секој случај ќе уживате во приказната полна со љубов и предизвици со кои се соочуваат жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар