10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Дали претпочитате да бидете сами отколку излезени во гужва? Дали помислата на тоа дека треба да држите презентација ви предизвикува нервоза? Ако одговоривте потврдно, постојат големи шанси дека сте интроверти. Па, наместо да излезете во дискотека или да одите на роденден, опуштете се на каучот и грабнете некоја од следниве 10 извонредни книги…

1. „Тишина“ – Сузан Кејн (Quiet)

10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Денес е модерно да се биде интровертен, но Кејн ја истражувала историјата на овие карактери уште пред осаменоста и грижата за себе да прераснат во тренд. Оваа книга ќе ви помогне да престанете да се споредувате себеси со покомуникативните луѓе и да се вклопите во средината каде што многумина не можат да ве разберат.

2. „Каде отиде, Бернадет“ – Марија Семпл (Where’d you go, Bernadette)

10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Бернадет Фокс е затворена архитектка и мајка која исчезнува пред да отиде на патување со семејството. Додека ќерка ѝ се обидува да ја најде, таа дознава дека мајка ѝ е една смешна и трогателна жена која е погрешно разбрана и неправедно осудена. Книгата претставува потсетник за сите интроверти на тоа дека сосема во ред е доколку не се вклопуваат во општеството.

3. „Брзо и бавно размислување“ – Даниел Канеман (Thinking, Fast and Slow)

10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Подготвени сте за малку научна фантастика? Овој познат психолог и добитник на Нобелова награда ги руши биолошките граници помеѓу начинот на кој интровертите и екстровертите размислуваат. Според книгата, вие размислувате пологично во споредба со вашите екстровертни пријатели, кои за разлика од вас се побрзи и поинтиутивни. Добрите вести се дека и двата типа луѓе се одликуваат со голем број позитивни особини.

4. „Валден: Живот во шумата“ – Хенри Дејвид Торо (Walden: Life in the Woods)

10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Доколку животот во комплетна осаменост ви звучи како остварување на соништата, тогаш дефинитивно сте интровертни и оваа книга е токму за вас. Торо изградил колиба во шумата и живеел таму две години. Потоа го опишал неговиот едноставен живот далеку од постојаната бучава во општеството. Книгата несомнено ќе ја разбуди вашата желба за живот во шумите.

5. „Неодоливиот интроверт“ – Михаела Чанг (The Irresistible Introvert)

10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат

Еве една тајна за интровертите: Тие се многу посамоуверени одошто мислат екстровертите. Во ова моќно четиво, Чанг го разбива митот дека само екстровертите можат да бидат харизматични и им нуди совети на интровертите кои се обидуваат да успеат во свет што ги претпочита екстровертите.

Продолжете на следната страница за останатите 5 книги…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар